Предмет: „Што е она што го прави денешниот дом толку различен, толку привлечен во 2015та?“
Колективот Кула овој пат се претставува само со неговата „понежна“ половина, преку интервенирање во галерискиот простор. Целта е да се истражи можноста да се промени дефиницијата на еден простор, акцентирајќи ја вклученоста на публиката во неговото редефинирање.
