GI6s84HLag9rXa3ZTQxX

инфо

Година 2017
Дата/Време сабота 20.05 21:30
Место YCC Plateau
Земји учесници Словенија | Србија | Хрватска | MK | МК

учесници

Contact59

Contact59 е алтернативен бенд од Скопје, формиран од пред скоро две години. Свират слободна и разновидна музика. За себе велат…

ПОВЕЌЕ

King’s Peach

King’s Peach е дуо од Скопје, кое постои од 2016 г. Нивниот жанр постојано варира. Мартина Баракоска свири тапани и…

ПОВЕЌЕ

SEINE

SEINE (Хрватска) е кантавторски проект на Иван Шчапец, поранешен член на панк-поп колективата Власта Попич. Со неколку изданија (од ЕР…

ПОВЕЌЕ

Bitipatibi

Музиката на Bitipatibi (Србија) е едно од оние несекојдневни случувања на културната мапа на градот за кои не постои објаснување.…

ПОВЕЌЕ

КУКЛА

КУКЛА (Словенија) е самопрогласена словенска гангста геиша поп-бенд трансформерка, инаку музички проект на Кукла Кешеровиќ. Пеејќи најчесто за оружје и…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Concert | King’s Peach, Contact59, SEINE, Bitipatibi, KUKLA

Contact59

Contact59 е алтернативен бенд од Скопје, формиран од пред скоро две години. Свират слободна и разновидна музика. За себе велат дека не би се дефинирале сè уште во еден жанр. Моментално се сконцентрирани на својот прв албум. До сега имале неколку настапи во Скопје, и со секој концерт стануваат сè подобри. 

 

King’s Peach 

King’s Peach е дуо од Скопје, кое постои од 2016 г. Нивниот жанр постојано варира. Мартина Баракоска свири тапани и клавијатури, а Ерик Омерагиќ бас, гитара. Вистински и фер играчи, свежи праски на кралот и верници на храмот наречен МКЦ. 

 

SEINE

SEINE (Хрватска) е кантавторски проект на Иван Шчапец, поранешен член на панк-поп колективата Власта Попич. Со неколку изданија (од ЕР до албум во живо), овој панкерски акустичен бенд има одржано голем број настапи на Балканот. Во моментов, работат на новиот албум, а датумот на издавање е најавен на есен. Во меѓувреме имаат најавено две европски турнеи и уште една all-over-the-place по излегувањето на албумот. 

 

Bitipatibi

Музиката на Bitipatibi (Србија) е едно од оние несекојдневни случувања на културната мапа на градот за кои не постои објаснување. Ги препознаваме по монотониот звук кој во себе ја крие сета фрагилност на вокалистката Уна, најголемото богатство на овој бенд, кој постојано изнаоѓа нова сила да се изнанади и себеси и слушателите со необични решенија, структури и аранжмани. Веројатно тоа е она што го нарекуваме оригиналност – треперливата сонувачка моќ која со себе ја носат Битипатиби, тоа тивко ветување за нешто големо. Белградската неопсиходелична сцена никогаш не звучела подобро! 

 

КУКЛА

КУКЛА (Словенија) е самопрогласена словенска гангста геиша поп-бенд трансформерка, инаку музички проект на Кукла Кешеровиќ. Пеејќи најчесто за оружје и љубов, Кукла е во постојана војна со себе и со надворешниот свет. 
Придружувана од два придружни вокала и ВиЏеј кој ja збогатува препознатливата музика со возбудливи визуелни ефекти, таа на сцената ги спушта своите штитови и ни го дава срцето на чинија. Добар апетит! 

Назад кон фестивалот

MK

Please be informed that we use technologies such as cookies on our site to enhance your user experience. Click below to consent to the use of this technology on our site. For further details see Our Privacy Policy

Allow cookies
MK
Created with Fabric.js 5.2.4