Лезбејско- феминистичката група – ЛезФем е оформена во рамките на ЛГБТИ центарот за подршка во Скопје. Оваа група е посветена на женските права со посебен поглед на лезбејките. Главна цел на групата e преку редовно состанување, да се посочат проблемите со кои се соочуваат лезбејките и жените во Македонија и со размена на идеи и нивна реализација во конструктивни акции да се пристапи кон нивно решавање.

ЛезФем е создадена низ дружења и долги разговори на неколку девојки кои се препознаваат себеси како лезбејки, политички лезбејки, феминистки. Наша цел е зголемување на видливоста и политичката релевантност на лезбејскиот и феминистичкиот активизам и промовирање на свежи стратегии на отпор кон доминантните идеолошки концепти на патријархатот, шовинизмот, хетеронормативноста, национализмот, клерикализмот. Ние се стремиме кон креирање на автентичен политички глас трагајќи по различните женски искуства  во минатото додека го градиме нивното значење и континуитет денес, како и кон политичка артикулација на секојдневните искуства и социјални релации меѓу жените, не само емотивни, туку и економски, пријателски, професионални, семејни. Токму во овие женски реалности, а не замислени животни стилови, ЛезФем гледа извор на знаења, вредности, енергија и моќ.

Наша ВИЗИЈА е свет базиран на принципите на еднаквост и слобода, свет во кој различноста се слави, а не санкционира.
Наша МИСИЈА е зајакнување на заедницата на лезбејки и бисексуалки преку самозастапување, менување на правниот и социјалниот статус на лезбејките и бисексуалките, зацврстување на феминистичкото движење преку акции кои ја преиспитуваат хетеронормативноста во општеството, политиката, медиумите, академијата, уметноста, културата, па и женските движења во Македонија.
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4