Визија
Локомотива е центар кој делува како платформа за развој на современи уметности и култура, со цел да се постигнат прогресивни социо-културни промени во заедницата.
Мисија
Локомотива е организација на граѓанското општество која развива и создава работни услови за развој, истражување, производство и презентација на работата на професионалци од областа на современата уметност и култура.
Локомотива го постигнува ова преку создавање на нови модели на соработка, застапување во креирање на развојни културни политики на локално, регионално и меѓународно ниво, дискурзивни, резидентни модови, како и развој на потребните капацитети во заедницата.
Во својата работа организацијата ги почитува принципите на отвореност и пристап до информации, транспарентност во работата; континуирана внатрешна (преку тимски состаноци) и надворешни (преку веб-сајтови, социјални мрежи и медиуми) комуникација; одговорност за извршената работа со изготвување годишни наративни и финансиски извештаи; взаемно почитување и почитување на основните права и слободи на граѓаните и сите културни, верски и родови заедници; промоција и поддршка на соработката со институционалниот и граѓанскиот сектор во земјата и во странство.
Во 2017 година Локомотива ги редизира своите програмски правци, како и главната цел и специфични цели за периодот 2017-2020.
Главната цел на Локомотива е да се демократизира и развие јавниот простор преку современа уметност и култура и да влијае врз развојот на јавните политики. Локомотивава ќе го оствари ова преку соработка, производство, размислување, создавање на нови модели на културни простори и подобри работни услови во соработка со партнерите и поголемиот граѓански сектор.
Специфична цел 1 – Да се развијат нови можности за креативност, развој и акција на професионалци од областа на современата уметност и култура
Специфична цел 2 – Да се создадат услови за соработка, критичко размислување, анализа и поврзување на современи изведувачки уметности со општествено-политички контекст и да се овозможи интеракција со граѓаните и конституентите
Специфична цел 3 – Да се влијае врз јавните политики преку култура и вмрежување со други организации
Специфична цел 4 – Да се зголеми видливоста на улогата и важноста на современата култура за социјален развој.