
IMANYAM флуктуира помеѓу музиката и архитектурата за кои вели дека се две навидум различни професии но во суштина многу слични. Таа има страст за грув и вештина за изработка на музички патувања каде владее пулсот на срцето и служи како извор на енергија, поврзувајќи ги луѓето преку универзалниот јазик на ритамот. Нејзините енигматични звуци спојуваат […]

Iris е ентузијастка за музика од Скопје која својата љубов кон електронската музика ја откри слушајќи ГОА на вокмен! Понатаму го специализираше својот вкус во minimal techno, играјќи пред пултовите или позади гужвата, како еден вид обред на размена на обоен животен бит. Таа силно верува во моќта и магијата на звукот. Ужива да ги […]

Тиииит! Инк. со огромна возбуда ве поканува на завршната журка, дел од работилницата за диџејство „Жени зад пултот“! Ова е црешата на шлагот, плодот од посветената работа на 10 талентирани девојки и жени со кои имавме задоволство да го поминеме минатиот месец, кои ги развија своите диџејски вештини со помош на менторката Дијана Димитриевска ака […]
Marigо

Мариго е студентка по графички дизајн, чиј омилен медиум (на изразување) се колажите кои неодамна има почнато да ги објавува и продава како принтови. Во слободно време води емисија на Канал 103, насловена Млада на Република Македонија.Мариго обожава да вози точак и да носи маици со пруги.
NastasyaKish

Интригирана од необичните звуци во електронската музика, NastasyaKish пронаоѓа интересни начини за нивнo комбинирање и ги споделува со публиката. Нејзините сетови се доста еклектични и може да се најдете помеѓу различни жанрови , почнувајќи од slow burners до acid.Набрзо по почетоците на нејзината музичката кариера, таа стана резидент на андерграунд клубот Минус Еден и гостуваше […]
WoW Program | Дiskorдia

Дiskorдia можен саундтрак за падот на патријархатот Радио емисија, диџеј сет или музички колаж за собир на настраните, во кои некогаш се наоѓа и авторска музика на бели, цис мажи. Концепт базиран на уживање во сурфањето низ пределите маргинализирани од големите конгломерати на комерцијалната култура, а често главен извор на нашата среќа, слобода, музика, ликови, […]
WoW Program | DIAH

DIAH е алијас позади кој стои Дијана Димитриевска, Диџејка која веќе осум години е дел од локалната клубска сцена. Нејзините сетови се емоционална сеанса, од хипнотично техно, низ нивоа на стеларно самоиспитување, динамична bass-heavy градација со acid кулминција. Во нејзината кариера има настапувано со UVB, Sugar Lobby, Dr.Rubinstein, Anetha, Saud, A//O, Claro Intelecto, Ellen Allien, […]
Dj Set | Tea Shaldeva

Теа Шалдева Теа Шалдева, или Galatheia, е диџејка и артистка со веќе еден албум зад себе. Врти музика во убавите скопски катчиња од 2012. Неколку пати досега ја забавувала публиката на Прво па женско, па така и оваа година ќе ни приреди одличен денски диџеј сет од 14:00 до 19:00 часот.
Dj Set | Emi Ermilova

ДиЏеј сет Emi Ermilova Ермилова почна да пушта хаус музика во 2008 година, појавувајќи се во многу барови и клубови во Скопје, меѓу кои и во Сектор 909 и Епицентар. Моментално е постојана ДиЏејка во клубот Минус Еден. Еми слуша хаус, асид и електро музика, каква што и пушта за време на своите ДиЏеј […]
Girl’s Party |

ЖЕНСКА СОБА, ЖЕНСКИ ЖУР – DJ сетови на музичките соработнички на независното радио Канал 103 103ка ни даде некои од најинтересните диџејки и радио водителки во 90тите. Од тогаш наваму, сцената е збогатена со женски бендови, раперки, бубњарки, артистки од сите музички жанрови и полни подиуми. Во 2014 година беше издадена и првата исклучиво женска […]
Ladies’ Choice

DJ СЕТ: ДАМИТЕ БИРААТ ТЕОДОРА ПОПОВСКА и ВАЛЕНТИНА МИНОВСКА 22.00 фоаје на кино Фросина Игранка е совршен крај за првата вечер на ПРВО ПА ЖЕНСКО, а Теа и Вале секогаш знаеле да ги изберат вистинските ритмови. Останува уште само вие да изберете со кого ќе шизите до доцна во ноќта. Останете до крај!
Girls behind the DJ table

ЖЕНИ ЗАД DJ ПУЛТОТ Galatheia. Виолета Качакова. Ана Мало. Ивана Драгшиќ. 01.00 фоаје на кино Фросина Работата на DJите/ките не е нешто дополнително – фина прилика да се затвори настан исполнет со други содржини. Таа е содржина сама по себе, призвод на интелектуален и емотивен ангажман, индивидуален пристап и израз. Овие девојки, со својот префинет […]
DJ set – Jana, Martina and Roberta

Овие љубителки на добра музика и точаци се вистински урбан Girl Gang. Можете да ги лоцирате на некои од следниве локации: Мартина позади фус, добош, бас и неколку чинели, Роби позади шанкот на МКЦ и Црно Кафе, Јана некаде низ скопскиот метеж додека манијачки вози точак и пробува да го смени светот. Во недела ќе […]
GIRL’S PARTY

ЖЕНСКИ ЖУР, Денсинг сала DJ ALINKA (Chicago, USA), Ilina Angel и Ивана Драгшиќ/Нada Blam (Македонија) Прво па женско оваа година ви ја претставува DJ ALINKA. Алинка доаѓа од Чикаго, местото на настанокот и трансформацијата на културата која комплетно го промени живеењето во град, и во себе дефинитивно ги носи и промовира тие вредности […]
Fresh male meat

Lepi Xhoni, Na Meho Maliot, Kung FUlish и Crno Seme На крајот на првиот фестивалски ден, ни останува само да им се препуштиме на Lepi Xhoni, Na Meho Maliot, Kung FUlish и Crno Seme додека напорно работат да ја запалат атмосферата во бифето на Фросина. Нашите симпатии од омилените скопски бендови, со сето свое внимание […]
Ladies’ Choice DJ set | Ilina Angel

Овогодинешниот фестивал ќе го отвориме со првиот ДиЏеј Сет – Дамите Бираат на Илина Ангел!
Ladies’ Choice DJ set | Sonja Ismail & Ana Malo

Вториот ДиЏеј сет Дамите бираат на Прво па женско #7 со Соња Исмаил и Ана Мало!
DJ set | Ladies’ Choice Majda & Vesna, Marigo Antov, Violeta Kachakova and DISKORDIA DISSIDENTS’ SET

МКЦ плато | ДиЏеј сет | Дамите бираат Жените сериозно ги тресат македонските клубски подиуми, правејќи ја домашната електронска музичка сцена многу повеќе од само добар пример за родова балансираност. Овогодинешната програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО ги враќа зад пултот најверните и највозбудливите ДиЏејки од претходните години, за да заслужено си го прославиме малиот јубилеј, […]
DJ set by Ivana Dragshić

По доселувањето во Аеродром, Ивана Драгшиќ своето образование го започна во МНТ и Метропол, а дипломираше во Елемент. По летните школи на скопските улици, на специјализација влезе во Канал 103, каде и денес, после 12 години работи на последниот проект „ДISKORДIA–можен саундтрак за падот на патријархатот“. Со поддршка од неколку исклучителни имиња од постарата бела, […]