MMAf6AcAL3Z3jm8I2JdU

инфо

Година 2016
Дата/Време сабота 12.03 23:00
Место YCC Hall
Земји учесници USA | MK | МК

учесници

Ивана Драгшиќ

Ивана Драгшиќ, социолог и граѓанска работничка, која делува во областа на урбаното заедничко (commons) и градското управување. Со колегите од…

ПОВЕЌЕ

Илина Ангел

ПОВЕЌЕ

DJ ALINKA

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

GIRL’S PARTY

 

ЖЕНСКИ ЖУР, Денсинг сала DJ ALINKA (Chicago, USA), Ilina Angel и Ивана Драгшиќ/Нada Blam (Македонија)

 

Прво па женско оваа година ви ја претставува DJ ALINKA. Алинка доаѓа од Чикаго, местото на настанокот и трансформацијата на културата која комплетно го промени живеењето во град, и во себе дефинитивно ги носи и промовира тие вредности – квалитетна музика, безбедно место за отфрлените и слобода да се биде свој/а. Нејзините ди-џеј сетови претставуваат рафинирана селекција на нова и стара и ретка хаус музика, соодветно зачинета според пригодата. Во денешната состојба на тотална достапност на опрема за правење музика и хипер-продукција, Алинка слободно можеме да ја наречеме чуварка на вистинската хаус музика.

Кога сме веќе кај тоа, Ilina Angel верно ги чува жешки и квалитетни македонските подиуми уште од 2003 год. и претставува една од највредните личности на сцената. Таа е професионална, практична, креативна и со беспрекорна селекција на најсовремената музика која можете да ја чуете низ скопските клубови и на „Музика за млади“ на Канал 103.

Ивана Драгшиќ, трпеливо и непретенциозно дојде до своето место на клубската сцена, градејќи го со својата селекција на музика која содржи современа продукција, засилена со ретки електронски изданија од различен жанр. Нada Blam е нејзината хаус инкарнација, поради чувството на посебност и славење на оваа култура.

Назад кон фестивалот

MK

Please be informed that we use technologies such as cookies on our site to enhance your user experience. Click below to consent to the use of this technology on our site. For further details see Our Privacy Policy

Allow cookies
MK
Created with Fabric.js 5.2.4