

Современите изведувачки уметности може да делуваат херметично поради тоа што отстапуваат од традиционалните линеарни постапки во креирањето, како на пр. развоен наратив во форма на текст според кој се водиме или либрето. Затоа решивме да востпоставиме форма на “разговор со уметниците“ како пракса на рефлексија или дијалог кој недостасува. Тргнувајќи оттаму ги поканивме нашите две соработнички Душица Лазова и Елизабет Колевска кои ќе пишуваат за делото на Викторија Илиоска низ различни перспективи – родова, теориско-уметничка, изведбена и перформативна, а Биљана Тануровска – Ќулавковски и Кристина Леловац низ прашања ќе го кореографираат просторот каде ќе започне дијалогот, односно каде ќе се разоткрива повеќеслојниот процес низ кој се креира делото.
Ве каниме да откриваме и создаваме повеќегласие за современата изведувачка уметност, задно да ја гледаме, да ја исчитуваме и да промислуваме за неа.
Десетото издание на Фестивалот е поддржано од Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, FRIDA | The Young Feminist Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура на РС Македонија.





