ДИСКУСИЈА: ЖЕНИТЕ ВО БЕГАЛСКАТА КРИЗА
Модератор: Јана Старделова – Тиииит! Инк.
Говорници: Уранија Пировска – Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Мерсиха Смаиловиќ – Легис и Ленче Здравкин.
На стотина километри јужно и северно од Скопје проаѓа Западно-балканската рута, низ која дневно транзитираат луѓе во потрага по безбедност и подобро утре. Преку женските заложби и приказни во прво лице, правиме преглед на случувањата во 2015, на приказните од холокаустот на денешницата, како и на она што не очекува во 2016. Заедно со нашите говорнички ќе ја вратиме хуманоста во оваа дехуманизирана приказна, пренесувајќи ви Сириски, Афганистански и други приказни од теренот.




