Авторките на амбиенталната инсталација Ćemo, ćemo… ja, ma kako ćemo?! го актуелизираат прашањето за неплате-ниот домашен труд. Презентираната содржина произлегува од заедничкото етнографско истражување на работата на хрватските негувателки на стари и изнемоштени лица во Италија, и ја ак-туелизира и проблематизира невидли-воста на работничките во домот во се-којдневниот и јавниот говор, особено нивната незаштитеност во институцио-нални рамки. Посебно место во инсталацијата зазема Конвенцијата С189 на Меѓународната организација на трудот со која јасно се дефинирани основните стандарди за заштита на вработените во домаќинствата, и конечно им се призна-ваат досега скратените работнички, а и човекови права. Уметничката книга „Тука и таму“, која ја надополнува инста-лацијата, низ текст и цртежи ги обедину-ва различните искуства од животот на хрватските негувателки, нивната спе-цифична трансмигрантска позиција и нивниот идентитет. Инсталацијата до-сега е изложена на изложбата „Помеѓу таму и таму: Анатомија на привремените миграции“ во Музејот на модерна и совре-мена уметност во Риека, и на изложбата „Тие биле какво-такво решение“ во гале-ријата „Нова“ во Загреб во 2017 година.

