Одамна не сте слушнале жени како раскажуваат?
Мислите дека жена не може да раскаже приказна во десет минути, без да ја прекинете или да направи дигресија? Тогаш дојдете на гала вечерта на раскажување приказни Пичприч/PeachPreach, каде што ќе имате можност да уживате во раскажувањето на неколку бестрашни и истакнати жени од нашето секојдневие, и тоа за нивниот „Прв пат кога…“ – секоја, се разбира, по своја интерпретација на зададената тема. Изборот на гостинки е изненадување, како што се и самите приказни, за кои ветуваме дека ќе ве заскокоткаат и ангажираат ем општествено, ем емоционално.
За концептот и беспрекорната реализација на програмата се виновни Ана Василева и Румена Бужаровска.


