Ова не е дебата.
Ова не е панел-дискусија.
Овде нема железен протокол и сериозни вратоврски.
Ова се разговори помеѓу луѓе соочени со исти предизвици.
На оваа маса седат жени со исти интереси и заложби. Се прашуваат едни со други и изнаоѓаат заеднички позиции за делување.
За женската солидарност и социјалното претприемништво: Драгана Каровска Чемерска (ХЕРА) и Јелена Вишњиќ (БеФем – Белград
За текстилните работнички: Кристина Ампева (Гласен текстилец) и Мила Царовска, Министерка за труд и социјална политика;
За сексуалните работнички: Наташа Бошкова (Коалиција Маргини) и Славјанка Петровска од Министерство за внатрешни работи.
По секој разговор следува краток блок прашања од публиката.





