💜🎤📖 „ДРАГА САФО” – сафичко читање | 🗓️ 6 ноември, 20:00 ч, @ljubov.bar | 🎫 слободен влез
Искуствата живеат со помош на јазикот што ги испишува. Лезбејската желба, сѐ уште постоејќи на општествените маргини, често останува заглавена и недоречена, со тоа што субјектот, во недостаток од јазик за сопствената желба, ја потиснува.
Сепак Сафо, Емили Дикинсон, Едриен Рич, Вирџинија Вулф и многу други поетеси, прозаистки, авторки… ја оприсутнуваат во јазичниот систем. Па така, кога читаме и се охрабруваме да пишуваме за сафичката желба, неминовно ја актуализираме и полека се ослободуваме од срамот и стигмата. Зашто кога имаме јазик за посакуваното, тоа станува возможно и реално, а нашите желби повеќе не се скришни, тајни, ниту срамни.
На 6 ноември, Дафина @daffne.ve_ ве чека во нејзината дневна во Љубов каде го отвораме микрофонот за вашите авторски и туѓи, омилени сафични песни, прозни извадоци, писма или оние notes на телефонот што не мислевте дека можете да ги изговорите гласно.
За да читате, пишете ни во ДМ! 💌 А ние ќе се погрижиме за оние на кои им треба малку храброст
______
#ППЖ14 е поддржан во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 е финансиран од Шведска, Kvinna till Kvinna, Equality Fund и Global Fund for Women.