OSaWXntS3WVbfN1acnPk

инфо

Година 2016
Дата/Време сабота 12.03 12:00
Место Фоаје на кино Фросина на кат
Земји учесници

учесници

синопсис

ЖЕНСКА СОБА | Презентации

VOXFeminae

Го читате VOXFeminae.net и супер си поминавте на Vox Feminae фестивалот? Во видео разговорот дознајте кои се девојките од Vox, со што се занимаваат и како се создадени нивниот портал и фестивал. Заедно ќе разгледаме зошто е важно да се чуе женскиот глас, да се чуе јасно и гласно, зошто е важно да се освојуваат и да се истрае во феминистичките (виртуелни) простори и низ нив да се јакнат жените и маргинализираните групи – предизвици со кои секојдневно се среќаваат феминистичките портали или накусо, како заедно се бориме против патријархатот. Muff и Libela се портали за феминизам и популарна култура. Уредничките во видеата зборуваат за своите портали од нула, најголемите предизвици со кои се соочуваат како и најубавите и најтешките моменти.

 

ФЕМКАЊЕ 

ФЕМКАЊЕ (Србија) е независна радио емисија и платформа осмислена да придонесе кон видливоста, унапредувањето и јакнењето на независната културно-уметничка сцена во Србија, во исто време промовирајќи ја родовата рамноправност и креирајќи медумски простор за претставување и вмрежување на младите авторки/и од земјата и регионот. Авторки и водителки на емисијата се уметниците Бојана С. Кнежевиќ и Катарина Петровиќ, кои низ двегодишната работа мапираа и интервјуираа повеќе од 80 различни авторки/и и колективи од сферата на уметноста, културата, образованието, активизмот и науката. Покрај растечката цензура и монополот на домашните медиуми, како и слабо организираната и финасиски поддржаната независна сцена, која со тоа станува и цензурирана, Фемкање својата работа ја формира како слободна зона за уметничко и граѓанско делување. Формата на радио емисија ја препознавме како простор за слободен дијалог кој дозволува средба и запознавање на гостинките и публиката вон дискриминаторната и естетизирана визуелна комуникација во мас-медиумите. Фемкање можете да го следите на сајтот www.femkanje. com и на Фејбук страната www.facebook.com/ femkanje, а сите досегашни емисии се достапни на подкастот www.mixcloud.com/FEMKANJE/

 

FEMART 

FEMART Фестивалот (Косово) што го организира Артполис, е најголем фестивал на феминистичка уметност во Косово и во Балканскиот регион, кој годинава ќе се одржи помеѓу 25-31 Мај. Нашиот фестивал се случува еднаш годишно, во него учествуваат 100 активистки и уметници кои имаат можност да ги претстават своите дела. Претстави, документарци и кратки филмови, читања, визуелна уметност, изложби, перформанси, концерти, промоции на книги, литература, работилници, дискусии и презентанции, како и други форми на уметност создадена од жени од Косово, регионот, Европа и Америка, кои користат феминистички/активистички пристап. Фестивалот привлекува повеќе од 2000 посетители и се смета за еден од најдобрите во Косово.

 

ALL TOGETHER DISTRO

ALL TOGETHER DISTRO (Македонија) е музика, љубов, страст, пријателство, почит, насмевки, unity… All Together Distro се 80 артисти и над 100 изданија. Или еве вака дефинирано: All together distro е непрофитна организација чија главна цел беше поддршка на локалните андерграунд бендови преку промоција и продавање на нивен промотивен материјал. All together distro се три девојки: Ека, Еци и Теа. Секоја со своја приказна, но со заедничка идеја и цел – поддршка на музиката и културата што ја слушаме, сакаме, живееме и за која се трудиме. Кога се споија овие 3 девојки со креативни замисли и страст кон тоа што го сакаат се создаде АТД, oд кoе пoдoцнa прoизлегoa други прекрaсни нештa: букинг нa бендoви и турнеи, прaвење нa кoнцерти, рaдиo емисии… Присуствувавме на околу 80 различни концерти, во и надвор од Скопје. Гo имaвме зaдoвoлствoтo дa бидеме дoмaќини нa бендови од Америка, Шведска, Италија, Франција, Словенија… Дoјдете дoкoлку сaкaте дa јa чуете нaшaтa прикaзнa. Ајде девoјки, мoжете пoдoбрo!

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4