Diskusija 02 (1)

инфо

Година 2026
Дата/Време сабота 07.11 15:00
Место Лабораториум
Земји учесници

учесници

Бистра Кумбароска

Бистра Кумбароска е поетеса, социјална иноваторка и креаторка на искуства, родена во 1984 година во Струга, Северна Македонија, која денес…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

QUEER програма | ОВА СМЕ НИЕ | Дискусија за квир родителствување со Бистра Кумбароска

 „ОВА СМЕ НИЕ” – дискусија за квир родителствување со @bistrakumbar и најава за книгата “A Queer Big Thing Called Family” (издание на @privateprint)

🗓️ 7 ноември, 15:00 ч, @laboratorium (кино сала) | 🎫 слободен влез, пријави се на линкот во био 👆🏽 | #QUEER програма на #ППЖ14

Како изгледа семејството кога ќе излеземе од приказните што сме научиле да си ги (рас)кажуваме? Преку интерактивна дискусија, со домашни и интернационални гости, ќе ги истражиме различните реалности на квир родителството низ различните култури, бои на кожата, географии и семејни констелации. Со споделување на различни гласови и лични искуства, ќе истражиме како разликите можат да преминат од пречки во нешто што го прави семејството возможно. 🌈

Поводот за разговорот е и најавата на новата книга на @bistrakumbar, “A Queer Big Thing Called Family”, која ќе излезе наскоро во издание на PrivatePrint. Книгата собира поезија и различни видови текст, фотографии и друг визуелен материјал, од авторката и поканети гости-автори. Ова лично и општествено патување го води читателот низ разновидни искуства на квир родителството. Особено битна за нашиот општествен контекст, во кој овие гласови немаат доволно платформи да бидат слушнати и да влијаат кон промена, оваа книга се впишува во едицијата на концепти во зародиш на PrivatePrint, едиција создадена токму за уметнички книжни проекти кои третираат теми од општествено значење поаѓајќи од самата засегната заедница.

Бистра Кумбароска е поетеса, социјална иноваторка и креаторка на искуства, родена во 1984 година во Струга, Северна Македонија, која денес живее во Виена. Дипломирала книжевност, со фокус на англискиот јазик во Скопје, а своето додатно образование го стекнала во Љубљана и Виена во сферата на социјални иновации. Авторка е на поетските збирки Ти не сакаш поезија (2011), Fullstop (2020, коавторско издание) и Fragile, Broken and Other Ways of Becoming Whole (2022), а нејзината поезија е преведена на седум јазици во Европа и Африка.

* Разговорот ќе се одвива на македонски и англиски јазик.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4