инфо

Година 2026
Дата/Време четврток 21.05 20:00
Место Лабораториум
Земји учесници

учесници

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

СЕМЕЈСТВО, НО ПОИНАКУ | ФАНТАЗИ (FANTASY), Словенија, Северна Македонија, 2025

Сценарио и режија: Кукла
Продукција: Децембер, Круг Филм
Главни улоги: Сара ал Салех, Алина Јухарт, Миа Скрбинац, Мина Миловановиќ

Михрије, Сина и Јасна се најдобри пријателки во своите рани дваесетти години и живеат во Словенија. Нивниот нетипичен, машкуданест начин на живот и интереси често ги доведуваат во судир со семејството и конзервативната средина што ги опкружува. Светот комплетно им се менува кога ќе ја запознаат Фантази, транс жена која ќе ги поттикне да се соочат со сопствените желби и избори.

КУКЛА || Кукла е филмска режисерка и уметница од Словенија, препознатлива по својот автентичен визуелен стил и интересот за теми како идентитетот, родот и маргинализираните заедници. По студиите по филмска и телевизиска режија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, својата кариера ја насочува кон режија на музички спотови. Нејзиниот краток филм „Сестри“ во 2021 година ја доби главната награда на престижниот фестивал за краток филм во Клермон-Феран. „Фантази“ е нејзиниот прв долгометражен филм, кој ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Локарно и потоа освои бројни меѓународни признанија, меѓу кои и наградата „Срцето на Сараево“ за најдобра актерска екипа.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4