Lm5veqO26NaZLL3TfgrA

инфо

Година 2024
Дата/Време вторник 24.12 19:00
Место Музеј на Северна Македонија
Земји учесници MK

учесници

Христина Иваноскa

Христина Иваноска (р. 1974) е докторантка на академијата за ликовни уметности во Виена. Таа работи интердисциплинарно, истражувајќи ги општествените и…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Џинови и снегулки | самостојна изложба на Христина Иваноска

Со задоволство Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на уметницата Христина Иваноска, со наслов „Џинови и снегулки“, на 24 декември (вторник) во 19 часот, во Музејот на Северна Македонија. Оваа изложба е дел од проектот „Архиви на невидливите 3.0“, поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел и Министерството за култура на Северна Македонија. Изложбата е реализирана како соработка помеѓу Центарот за истражување на национализмот и културата и Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, со што истата ќе е дел од дванаесеттото издание на фестивалот, чии поддржувачи се Sigrid Rausing Trust и Equality Fund. 

Насловот на изложбата „Џинови и снегулки“, реферира на истоимената поема од книгата поезија „Егејска барутна бајка“ на писателот Славко Јаневски, која е објавена во 64-тиот број на „Македонка“ од 1950 година.

Славчо Димитров, кој ѝ беше соговорник на Иваноска низ процесот на создавањето на оваа изложба, а воедно, е и автор на текстот за изложбата, вели: 

„Ако пишувам за уметничката пракса на Христина Иваноска, пишувам затоа што таа секогаш се испречува пред мене и ме заведува со мешавина на чувства помеѓу нелагодност и љубопитност. Неудобност и тешкотија кои ја одржуваат дистанцата кон нејзините дела, како нужна за да го одложи или оневозможи нивното врамување во веќе постојните рамки на практична, целисходна и афективна навика на препознавањето, додека истовремено го поместуваат моето тело принудувајќи ме да ги изместам и приспособам моите перцептивни, идејни, чувствени схеми и параметри на разбирање привлечен од силата на лудата љубопитност, зачуденост и восхит од ветувањето кое го нуди другоста, новото, или ексцесивната непознатост на хоризонтот што го отвораат нејзините дела. Оваа нелагодност и сетилна/интерпретативна неволја во којашто ме навлекува и афективно наштимува и оваа најнова изложба на Иваноска, произлегува од соочувањето со ужасно познати и препознатливи материјали, како што се текстот, писмото, знаците, буквите, текстилот, везот, сликите, фустанот, традиционалните историски референци, женските работни пракси, цветовите итн. од една страна, и нивното отворање, дуплирање, преклопување, отсекување, нелинеарност, контекстуално изместување, деконструирање, естетско трансформирање, историски критичко прераскажување или фабулирање, и темпорално и семантичко наслојување/расејување, од друга страна. 

Како богохулна верничка и непослушна ќерка, Иваноска знае дека соочувањето со сегашноста и замислувањето на поинаква иднина е невозможно преку репродукција на изабените, истрошените, неподносливо досадни и истрајно насилни големи историски маскулинистички наративи за џиновите на нацијата. Потребен ни е поглед наназад кон „сѐ уште неосвестените“  капацитети и нереализирани ветувања и алтернативни имагинации на ефемерните и кревки ко снегулки траги на женската историја, со пристап обележан и со иронија свесна за „противречности кои не се разрешуваат во поголеми целини, дури ни дијалектички, за напнатоста на држењето на некомпатибилните нешта заедно, бидејќи и двете или сите се неопходни и вистинити“, бидејќи иронијата вклучува и „хумор и сериозна игра“ .“ 

Биографија: 

Христина Иваноска (1974), преку својата уметничко-истражувачка практика, се фокусира на прашањата за потиснување, контрола и конструирање на колективната меморија во однос на стратегиите и политиката на отпор на жените. Таа создава објекти, текстови, цртежи, видеа, перформанси и инсталации, честопати работејќи интердисциплинарно, и критички го истражува искуството на денешните социјални и политички системи и нивната врска со теоријата и историјата. Иваноска им дава важност на рачната работа, како што се везот, ткаењето, грнчарството и пачворк-техниката, како медиуми на политичка и социјална вредност преку кои е изразена индивидуална борба и ограничувањата. Нејзините дела биле изложени во многубројни значајни институции и независни простори во земјава и во странство. Во моментов, Иваноска е докторски кандидат на Академијата за ликовна уметност во Виена. Заедно со Јане Чаловски, во 2024 година, се основачи на платформата за уметничко истражување и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ во Скопје.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4