2ef5q9Ord9paVPUs2xen

инфо

Година 2023
Дата/Време сабота 13.05 20:00
Место МКЦ
Земји учесници Slo | Сло

учесници

Оља Грубиќ

Оља Грубиќ е визуелна уметница и изведувачка чија практика е главно фокусирана на основните услови на постоење.Поставувајќи го на сцена…

ПОВЕЌЕ

Via Negativa

VN is a platform for research, development and production of contemporary performing arts. We focus on researching and designing various stage performance…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Extima: Плодна почва | перфроманс на Оља Грубиќ

Засновано на истражувањето во блискиот однос помеѓу цивилизациската логика и околината, перформансот го разгледува непропорционалното влијание на еколошката деградација врз жените, со фокус на околината и родовата неправда.
Според Тимоти Мортон, една од главните потешкотии во размислувањето за животната средина е сликата и концептот на самата природа, која низ вековите помогнала на човековата ментална сфера да развие илузија на спротивставеност и одвојување меѓу биосферата и цивилизацијата. Восхитувањето на природата од далечина предизвикува слична парадоксална ментална конфузија како онаа што патријархатот ја овековечува во однос на жените, издигнувајќи ги на пиедесталот на садистичкото восхитување, а истовремено потчинувајќи ги и уништувајќи ги.
Со децении, феминистичкото движење се обидува да ги ослободи жените од оваа врска со природата, која беше искористена од патријархалната идеја жените да бидат ограничени на домашната сфера и исклучени од политичко учество. Централната премиса на проектот е дека постои аналогија помеѓу искористувањето на жените и она на природата: недостатокот на почит кон нив и местото на кое им е доделено, правејќи ја нивната работа, нивното производство и слично – невидливи.
Плодна почва е првиот дел од четиригодишниот проект под заеднички наслов EXTIMA. Во него Оља Грубиќ ја истражува екстернализацијата на интимното како основен гест на уметникот од една страна, додека од друга страна ја отвора сложената врска помеѓу приватното и јавното, личното и општественото.
Авторка и изведувачка: Оља Грубиќ
Коавторки и изведувачки: Лана Здравковиќ, Кристина Алексова Завашник, Барбара Куковец, Нохеми Бариусо
Музика: Андреј Фон, Вид Драшлер / Локални изведувачи: Филип Арилон, Дино Милосављевиќ
Продуцентка: Шпела Трошт
Продукција: Via Negativa

Билети на билетарницата на МКЦ и на следниот линк

https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1221

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4