🪄 FRIDAY THE 13TH: WITCHES ON DECKS | Нова клупска магија | 📅 13 ноември, петок | 🕗 20:00 – 00:00 |📍 Минус Еден | #ППЖ14
Петок 13-ти го посветуваме на новите имиња зад диџејскиот пулт, на гласната музика и на задоволството да освоиш простор за себе! ✨
Учесничките од „Жени зад пултот“ се враќаат во @club_minuseden , овојпат со свои сетови пред публика. По работилниците, пробите и подготовките под менторство на Вики Качакова @violetakachakova , нивната љубопитност и љубов кон музиката добиваат простор на подиумот. За некои ова ќе биде прво претставување зад пултот, за други продолжување на музичките истражувања, а за сите нас – повод да се собереме и да танцуваме!
Во духот на годинешната тема на ППЖ14, „МАЈЧИНСТВО“, „Жени зад пултот“ ја практикува грижата преку споделување знаење, охрабрување и простор за музичко истражување. Од првите обиди до сопствен сет пред публика, заедно градиме сцена што ги поддржува новите имиња.
🎧 Hypnaswan · Patchwork★Girl · Breza · DJ DaBudem · Мариго 🎧
Нè очекуваат различни музички сензибилитети: од techno и house techno до synth pop, hyperpop, deconstructed club и неочекувани споеви. Секоја со свој избор, свој ритам и своја магија.
На петок 13-ти, собирното место на вештерките е зад пултот и на подиумот. Дојдете да ги поддржиме новите диџејски имиња и да ја споделиме радоста на нивниот следен чекор! 🖤
—–
#ППЖ14 е поддржан во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 е финансиран од Шведска, Kvinna till Kvinna, Equality Fund и Global Fund for Women.




