HANJA претставува: банкет во црвено / HANJA presents: a banquet in scarlet
Пред неколку години, при една посета во Скопје, додека дискутиравме за иселувањето на младите, Хана го чу следново: „Доматите кои растат овде не може да ги најдете во дијаспората.“ Ова ѝ ја разгоре опсесијата со овој рајски, а локален плод, ценет поради високиот квалитет и посебниот вкус. Преку ХАЊА ја продолжуваме нашата потрага да го доловиме недефинираниот вкус на познатото. Главната тема на нашата прва гозба во Скопје е славење на локалниот црвен плод.
Авторки: HANJA Delights
