IWNQxGT3zQdJerg4Iwrw

инфо

Година 2023
Дата/Време понеделник 09.10 19:30
Место МСУ
Земји учесници БиХ

учесници

Шејла Камериќ

Шејла Камериќ (Сараево, 1976) живее и работи во Берлин, Истра и Сараево. Студирала на Уметничката Академја во Сараево. Се занимава…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

“Mother is a bitch” – промоција на уметничка книга на Шејла Камериќ

Пријателската соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО и уметницата Шејла Камериќ продолжува! После минатогодишната изложба на Камериќ „Доаѓаме со поклон“, која КРИК и ПРВО ПА ЖЕНСКО заеднички со уметницата Камериќ ја претставија во Националната галерија – Чифте амам, оваа година имаме чест да ви ја претставиме уметничката книга „Mother is a bitch“ во авторство на Шејла Камериќ и пријателите – за Камериќ најважно нешто е плетењето на пријателски мрежи и наративи кои создаваат амбиент на закрила и взаемна поддршка.
Промоцијата ќе започне во 19:30 со разговор помеѓу уметницата Шејла Камериќ, уредничката Жива Клајндиенс, како и Јасмина Тумбас и Милица Радуловиќ. Воведничарка и модераторка на разговорот е Јованка Попова.

За себноста, меморијата и … смеата

Во текот на изминатите 25 години, Шејла Камериќ (р. Сараево 1976 година; живее и работи во Сараево, Берлин и Истра) создаде извонреден број уметнички дела засновани на гестови за самопретставување. Тие ја откриваат трајната верност на Камериќ кон темата на автопортретирање и нејзиното неконвенционално разбирање на оваа авто-референтна практика. „Mother is a Bitch/Мајката е кучка“ обединува текстови и слики кои се одразуваат на повеќеслојната практика на Камериќ, следејќи ги двете главни линии во суштината на нејзиното творештво: автопортрети и текстилни дела. Овие уметнички дела се засноваат на сопствените искуства, сеќавања и соништа на Камериќ кои нѐ водат во глобалните простори на раселување и дискриминација. Тие се гледаат низ леќите на родот, трудот, миграцијата, класата и грижата, а проткаени се со испреплетени темпоралности – минатото и сегашноста. Инспирирани од écriture feminine, или „женското писмо“ на Хелен Сиксу – теорија на феминистичката филозофија која комбинира елементи на психоанализа, книжевна теорија и постапка на деконструкција – автор(к)ите на книгата ги сметаат актите на пишување како субверзија на патријархалните императиви.

Приложените текстови се преплетуваат и проникнуваат, графички и тематски, и се поставени во релација со репродукции на делата на Камериќ, конфронтирајќи теми како што се вештерство, феминизам, саморефлексија, самоистражување и само-експлоатација. Во однос на овие и други теми, како и во однос на делото на Камериќ, во книгата рефлектираат: Хана Ќурак, Искра Гешоска, Јана Коцевска, Еди Мука, Наталија Пауниќ, Линда Пајц, Бојана Пејиќ, Никола Петек, Магдалена Радомска, Милица Радуловиќ, Матилде Сандларц, Милица Тракиловиќ, Адријана Транца, Јасмина Тумбас, а уредничка на ова исклучително уметничко и текстуално дело е Жива Клајндинст.
—
Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Тијана Ана, Петар Милат, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ. Односи со јавноста на фестивалот: Александра Бубевска.
—
Постојани стратешки партнери на Kontrapunkt и KRIK се: MaMa (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб, kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад и Kulturtreger од Загреб. Посебна благодарност до студиото за графички дизајн KOMA (@koma.mk). Настанот се реализира во соработка со Музејот на современа уметност, Скопје.
—
Тимот на ПРВО ПА ЖЕНСКО се: Јана Коцевска, Јана Старделова, Кристина Леловац, Славица Ќурчинска, Јулијана Младеновска Елизабета Пољоска, Џемилиана Абдулова, Георги Старделов и Дино Милосављевиќ.
—
Контрапункт и фестивалот КРИК се поддржани од Министерството за култура на Северна Македонија, Гете институтот, Европската Унија преку проектите на Креативна Европа, Re-Imagine Europe и Peripheral Visions. Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија или Европската Извршна Агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија, ниту органот што го доделува не може да биде одговорен за нив.
—
ПРВО ПА ЖЕНСКО е поддржано од: Sigrid Rausing Trust, Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund и Министерство за култура Република Северна Македонија.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4