„ЉУБИ МЕ НЕЖНО” – дискусија по филмот | 🗓️ 7 ноември, 19:45 ч, @laboratorium (главна сала) | 🎫 слободен влез | #QUEER програма на #ППЖ14
👄 По проекцијата на “Love Me Tender” (2025), следи дискусија на тема „Цената на слободата за квир жените: непослушни мајки, невозможни љубови“ со @rosydarkling, @gracijaatanasovska и @slatkarnica85.
“Love Me Tender” ја следи Клеменс, поранешна адвокатка и свежо етаблирана писателка. Нејзиниот живот се превртува наопаку откако му открива на поранешниот сопруг дека има љубовни врски со жени, а тој посегнува по старателството над синот. Така започнува повеќегодишната борба на Клеменс да го одбрани своето право да биде мајка и (квир) жена – слободна самостојно да одлучува за сопствениот живот.
Филмот (и книгата) инсистираат дека родителствувањето е можно само во релации во кои грижата не е доказ за послушност и не ја поништува личната автономија.
***
💫 Благица Јовчевска е обичен office worm и необичен snerd за музика, филм и уметност. Зависничка од податоци и статистики која упорно бара егзактни одговори во овој неегзактен свет. Страшно осетлива на неправдите што му се случуваат на човештвово.
💫 Грација Атанасовска се занимава со јазикот и други нерешени прашања.
💫 Душица Лазова е носталгичарка по она што допрва треба да дојде и колекционерка на спомени, чијшто карактер е 87% последниот филм што го гледала.
——
#ППЖ14 е поддржан во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 е финансиран од Шведска, Kvinna till Kvinna, Equality Fund и Global Fund for Women.


