Dyke hands poster

инфо

Година 2026
Дата/Време петок 06.11 20:00
Место Љубов бар
Земји учесници MK

учесници

DykeHand

DykeHand е фотографски проект посветен на истражувањето и документирањето на разновидноста и естетската убавина на лезбејските раце. Преку аналогна фотографија,…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

QUEER програма | ПО РАЦЕТЕ | Изложба на аналогни фотографии на Dykehand

🖐️ { ПО РАЦЕТЕ } изложба на аналогни фотографии на @dykehand | #QUEER програма на #ППЖ14 |
🗓️ 6 ноември, 20:00 ч, @ljubov.bar | 🎫 слободен влез

„Овој мал проект се јави од желбата да ја истражувам и документирам разновидноста во естетската убавина на лезбејските раце. Ме фасцинира тоа што меѓу нас, рацете можат да бидат и уметничко дело и предмет на желба. Страста кон рацете е нешто што лезбејките добро го препознаваат една кај друга – привлечност која го содржи и одолговлекува копнежот по допир, особено кога интимноста не може јавно да се изрази. Но и тогаш, меѓусебно се препознаваме – по рацете.“ – извадок од авторскиот коментар на @dykehand

„Со „ПО РАЦЕТЕ” , niche проектот @dykehand од дигиталниот простор се пробива во физичкиот, и тоа со буквално аналогна интервенција. Овие филм-фотографии на прв поглед го затскриваат субјектот и ја продолжуваат мистеријата со презентација на нечии непознати раце и дланки. А сепак, името ни кажува дека ова не се само нечии раце, ова се лезбејски раце што ни го заробуваат погледот и нè тераат да се задлабочиме во прашањето што, всушност, ги прави едни раце лезбејски? – за на крајот да ни открие дека таквата поделба не постои. Рацете се лезбејски само во погледот на оние што знаат како да ги препознаат; погледот што го наговестува, заменува или одложува допирот.“ – извадок од кураторскиот осврт на @butchkuruzh кон изложбата

дизајн на постер: @kornelija.dzajkoska

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4