Реакција: Платформата за родова еднаквост силно ја поддржува Иницијативата на жени од Шуто Оризари и нивната реакција на последниот случај на фемицид

Реакција: Платформата за родова еднаквост силно ја поддржува Иницијативата на жени од Шуто Оризари и нивната реакција на последниот случај на фемицид

Pdctdubhrhefvgc2wdem

Овој трагичен настан укажува на неуспехот на институциите во навремена и соодветна заштита на жртвите на родово базирано и семејно насилство. Апелираме до надлежните институции итно да го преиспитаат своето постапување во овој случај, да преземат одговорност и конечно да ја исполнат својата обврска – да заштитат, да постапат навреме и да спречат нови случаи […]

Јавна реакција на Платформата за родова еднаквост: ОЈО Куманово да го преквалификува делото во случајот за Ванѓелица од Кратово

Pdctdubhrhefvgc2wdem

Платформата за родова еднаквост го следи судењето против 36-годишната Ванѓелица од Кратово, којашто е жртва на семејно насилство, а која Основнот јавно обвинителство ја гони за сторено кривично дело „Убиство со умисла“.  Како што веќе нагласивме, сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно за институтот „нужна одбрана“, а не за […]

Насилството, дискриминацијата и незнаењето во формалното образование се новото „нормално“ што го промовираат Владата, Парламентот и Претседателката на државата

Pdctdubhrhefvgc2wdem

За неполна седмица мнозинството пратеници изгласаа трет штетен закон во образованието без јавна дебата – спротивен на интересите и потребите на децата и младите. Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираат на усвојувањето на третиот последователен штетен закон во областа на образованието – Законот за средно образование. Со најновите измени […]

Платформа за родова еднаквост: Повик до Претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска – Давкова за непотпишување на Указите за штетни законски измени во образованието и доследно спроведување на заложбите за родова еднаквост”

Pdctdubhrhefvgc2wdem

Предмет: Повик за непотпишување на Указите за штетни законски измени во образованието и доследно спроведување на заложбите за родова еднаквост Почитувана Претседателке Сиљановска-Давкова, Минатата година, по повод Вашиот избор за Претседателка на државата, Ви упативме писмо со честитки и јасни очекувања – како прва жена на оваа функција, да бидете сојузничка на жените, младите и […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Здравјето, заштитата од насилство и дискриминација на младите не се приоритет за Владата и мнозинство на пратеници

Pdctdubhrhefvgc2wdem

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација со остра реакција на законите за основно образование и учебници со кои младите остануваат без здравствена едукација базирана на докази во основните училишта и се озаконува насилство врз децата Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација најостро реагираат на најновите измени и […]

Марш и бојкот за 8 март: Нека јадат ружи!

XCZwGtBSoP54yoRA8I89[1]

Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи ако немаме за леб?   Овој 8 Март прогласуваме ЖЕНСКИ БОЈКОТ – за слобода и автономија од силеџискиот систем.   Не е време за симболични гестови и излитени фрази. Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира животите […]

Платформа за родова еднаквост: МВР ги повлече измените на Законот за полиција кои ги изложуваа на ризик жртвите на семејно насилство

8JOPBMmSjRLUEvOtlTND

По реакцијата на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација, Министерството за внатрешни работи се откажа од измените на членовите 31 и 31а од Законот за полицијата, кои се однесуваат на одземањето на службеното оружје и упатување на полицискиот службеник на психолошки и […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Силна осуда на напади врз жените и загрижувачкиот пораст на мизогинијата во јавната сфера

VCD0L1KL5T5we29ZN0ab

Деновиве во јавната сфера сме сведоци на засилени мизогини напади врз жени што поттикнуваат дискриминација и родово-базиран говор на омраза. Овие напади се уште позагрижувачки имајќи го предвид фактот дека доаѓаат од истакнати функционери и новинари, односно јавни личности кои имаат значајна моќ и одговорност во јавната сфера. Најостро ги осудуваме нападите на Драган Павловиќ […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост за предложените измени на Законот за полиција

M7FT3BG6apoiNv3D1xiY

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изразува длабоко несогласување и загриженост за предложените измени на Законот за полиција, кои значат чекор назад во заштитата на жртвите на семејно и други форми на насилство врз жени. Овие измени воведуваат несигурност и дополнителни бариери кои сериозно ја влошуваат безбедноста на жртвите. Што предвидуваат измените? […]

Манифест на Платформата за родова еднаквост

RENEBTSX7bIWz91yhzpn

Во рамките на Платформата за родова еднаквост под родова еднаквост ние подразбираме концепт, феминистички идеал, стремеж и сон за постојано (ре)обмислување и предизвикување на општествените системи на моќ, кон прераспределба на истата, како и прераспределба на ресурсите и знаењето, кон колективно ослободување, што подразбира слобода за мене, но и за другиот (другите), имајќи ги предвид […]

Реакција за резултатите од Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025 година

JgEGMgMBy4CaiYrNqagC

Ние од здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје. сме револтирани и ужаснати од резултатите од Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025 година, објавени од Министерството за култура и туризам на 03.02.2025 година, согласно кои, тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени

BmXmUhNaHlkTP9UNUK47

Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на извршените дела. Овие дела не се само сериозно нарушување на правата на жртвата туку и директен напад врз основите на родовата […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и Предлог законот за средно образование

Vovvd7UctHKkHT2icSYi

Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. Дополнително, со загриженост реагираме и на постапката на […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Недоволна застапеност на жените на извршните позиции во новата влада

ZrJc2hBI0LzVuFzPdXdo

По формирањето на новата влада, Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за недоволната вклученост на жените на сите нивоа на управување. Имено, и покрај тоа што државата постигна пресвртница со изборот на првата жена Претседателка на државата – достигнување за пофалба што Платформата го поздрави – моментумот за што пошироко вклучување на жените на […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Бараме да престане праксата на правосудството на погрешното третирање на семејното насилство

A863OnYGyP7ad2yEkgOH

Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, које е жртва на семејно насилство. Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното […]

Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Ejv3B2vZtTt17ZCEZLiR

Платформата за родова еднаквост упатува честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Сиљановска-Давкова е првата жена избрана за претседателка на нашата држава – како Платформа сметаме дека ова е значаен чекор кон остварување на долгогодишните заложби на Платформата за родова еднаквост за што поголемо вклучување на […]

Се одржа Марш за женски права под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“

YqPeEQ16hShCQKodMJFg

На 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 17:00ч. на Плоштадот Скендербег во Скопје започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“.  Маршот, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, мобилизираше стотици […]

Марш за женски права – „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“

JAGRDI4cv93jgSKFrf7n

Ве покануваме на Марш за женски права, што ќе се одржи на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, 8 март (петок). Оваа година маршираме под слоганот: „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“, со почеток во 17:00ч. на Плоштадот Скендербег. Осма година по ред маршираме за да […]

Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

YoMWwPlcAXmKB9vqr7ec

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски капацитет и да се воздржат од навреди и ширење на говор на омраза. И изминатите предизборни циклуси беа одбележани со исклучително силен говор на омраза, кој притоа особено беше фокусиран […]

Министерство за култура – деградира култура

EYSS29GBfPpuFU2vesqX

Ние од Тииит! Инк., го делиме мислењето со колегите културни работници од националните установи и од независната културна сцена, чувството на измаменост, потценетост и длабока навреденост од скандалозните резултати на конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година,  објавени на веб страницата на Министерството за култура на 08.02.2024 година. И […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Солидарност со негувателките од Струга!

NIa1kLYebIYu5N6ecnqF

Организациите кои се дел од Платформата за родова еднаквост изразуваат силна загриженост за случувањата во општина Струга, каде што негувателките работат со договор на дело за надомест кој е двапати помал од минималната плата, а речиси четири пати помал од официјалната просечна плата за декември 2023 година! Дополнително, скандалозен е и фактот дека им се заканува уште […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Омаловажувањето и омразата не се патриотски вредности

2po1PT4j8pA1OTcajS4s

Изложеноста на неточни содржини и говор на омраза, коишто се почесто се пласираат и преку поткасти, има сериозни последици по здравјето и добросостојбата на младите Во изминатиот период следиме сѐ поголема појава на содржини на социјалните мрежи од т.н. инфлуенсери кои стануваат идоли и лидери меѓу младите иако промовираат омраза кон жените, хомофобија, трансфобија и […]

Убиството во Кочани е фемицид! Бараме преквалификување на делото

6WYlLdbbwyw3bs4fhw2u

Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин, со што се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство. Основното јавно […]

Платформа за родова еднаквост: Уште еден фемицид поради непостапување на институциите

FMIqvClZr1z6GAISbyRf

Згрозени од најновиот случај на фемицид, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, се сомневаме дека институциите не постапиле според своите надлежности и бараме да се утврди одговорност. Не, не станува збор за немил или трагичен настан, како што известија некои медиуми, туку станува […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Заканите по живот не се слобода на изразување! Солидарност со активистката и новинарката Рита Бехадини!

5dtWvnddr1ERzYu2RbH7

Платформата за родова еднаквост најостро ги осудува говорот на омраза и заканите кон новинарката и активистка Рита Бехадини и апелира нејзината безбедност да биде загарантирана. Платформата за родова еднаквост изразува поддршка кон новинарката и активистка Рита Бехадини која доби експлицитни закани за својата физичка безбедност на социјалната мрежа „Фејсбук“ по објавување на својот став во […]

РЕАКЦИЈА на Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација: Македонија треба да биде општество еднакво за сите! СТОП за омразата и насилството кон жените и различноста

EfpO3Uio1BQrIP89QzNY

28 јуни 2023 година – Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација остро го осудуваат повикот за протест на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), закажан за 29 јуни со единствена цел да се направи јавен притисок кон повлекување на предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција од собраниска процедура. Мешањето на Црквата во […]

Функцијата градоначалник на општината не е да прави поделби во граѓанското општество на „послушни“ и „непослушни“ организации, туку да работи за доброто на сите граѓани

E8JlH7oe9PSh0fWn8yex

Ние, членките на Платформата за родова еднаквост, сме згрозени од последната заканувачка реторика на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, кон граѓанските организации кои не се согласуваат со неговото практикување на функцијата градоначалник. Костадинов, преку јавно изразениот став на неговата официјална страница на социјалните мрежи на 21.06.2023 година, се заканува со вето и ништовност на […]

Кој му даде на Владиката концесија за телевизија да ги „забавува“ граѓаните со опасна, погубна и отровна идеологија против жените?

O1FJeBcabBwqibWrdbT7

Платформата за родова еднаквост, независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 28 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија, длабоко сме загрижени од неодамнешната изјава на владиката Петар во врска со правата на жените и нивната положба во современото општество. Иако […]

Остра реакција на Платформата за родова еднаквост: Црквата подалеку од женските права!

41D1JbSJm3lQCSCxXlFa

Во секуларна држава, мислењето на Црквата е нерелевантно во креирањето на политиките за родова еднаквост Платформата за родова еднаквост остро се спротивставува на делувањето на Македонската православна црква против донесувањето на Законот за родова еднаквост и воведувањето на сеопфатно сексуално образование во училиштата. На трибината организирана во Струмица на 17.3.23 година, и пренесена од повеќе […]

Реакција на Платформа за родова еднаквост: Каков скандал треба да се случи за конечно да се разбудат Лекарската комора и Јавното обвинителство?

YCFIdiQ3nOdi34nHeCz9

Нецела седмица по Осмомартовскиот марш, неажурното правосудство и Лекарската комора јасно порачуваат дека жените во земјава можеби ќе преживеат, но правда тешко дека ќе дочекаат. 15 март 2023 година – Платформата за родова еднаквост е згрозена поради најновиот скандалозен случај на жена на која поради погрешна дијагноза за рак на дојка ѝ била направена двојна масектомија, и крајно […]

Платформа за родова еднаквост: Се одржа Марш за женски права под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“

KfLSOYOGJwwZZKCFTVA6

На 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 18:00ч. на Плоштадот Филип II започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Ќе преживеат ли жените овде?“.  Маршот, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, мобилизираше стотици присутни кои протестираа против случувањата […]

Марш за 8 Март: Ќе преживеат ли жените овде?

MCD5IkOgNPkdFuaPUIK7

Ве покануваме на Марш за женски права, што ќе се одржи на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, 8 март. Оваа година маршираме под слоганот: „Ќе преживеат ли жените овде?“, со почеток во 18:00ч. на Плоштадот Филип II.   Да се биде жена или девојка во оваа земја значи […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Жените во нашата држава го губат и животот поради континуирана системска негрижа за здравјето!

KgPSUbnMyp7WL8KiBaxV

Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт. Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во […]

Реакција на Платформата за родова еднаквост за поткастот на Лазаров со гостин Латас

IScNKsZwEkNgiI9xKi2V

Згрозени од изнесените информации и ставови од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас во првата емисија од поткастот на Стефан Лазаров, членките на Платформата за родова еднаквост реагираат за говорот во поткастот и бараат да се прекине неговото емитување. Сметаме дека поткастот го нормализира насилното однесување на родова основа преку искуствениот пример на Латас, што за […]

Протестен собир: Не сме безбедни!

Ji3iP3ouSVej0LOjLr5o

Како загрижени граѓанки и граѓани, феминистки и феминисти, девојки и жени, ве повикуваме на протестен собир овој петок, 17 февруари, од 15:00 часот, пред Министерство за внатрешни работи.   Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови: ниту на улиците, ниту во училниците, ниту во болниците, ниту во домот.Ве повикуваме […]

Реакција на Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани

Jm5FXUKydh5TnV36eWNF

Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“.Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора.   Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој […]

Реакција на Платформа за родова еднаквост: Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо

2jQlt1MfKomn7ZPol7F1

Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо    „19 годишна кичевчанка пријавила скопски таксист дека ја допирал по телото додека ја превезувал“; „Дечкото ја претепал и пукал во неа“, „Кавадарчанец ја претепал поранешната девојка и нејзината 6 годишна ќерка“; „14 годишно девојче на Инстаграм запознала момче, ја снимил, па ја принудувал на секс […]

Учеството на македонската делегација на собирот за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ

9X5yKkMljQGhgA8vf192

6-7 декември 2022, Босански Петровац и Бихаќ Регионалниот настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ беше инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија. Настанот беше организиран од Женската платформа за развој на Србија, со поддршка на фондацијата Фридрих Еберт (регионални канцеларии во Сараево и Белград). Во рамки на одбележувањето на […]

Реакција на Платформа за родова еднаквост: Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите

ITmPsztuWWvBXq0Xevv0

Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции. Непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. Фемицидот, како една од најчестите причини за […]

НЕ ПРИФАЌАМЕ КРАТЕЊА ВО БУЏЕТОТ ЗА КУЛТУРА

J5yJjrU5Q1dLNMgAwgCr

ЈАДРО – Асоцијацијата на независна културна сцена реагира на последните најави за кратење на буџетот (со прецизна сума од 31%) на веќе одобрените проекти од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата. Незадоволни сме од нетранспарентиот однос на министерската Бисера Костадиновска-Стојчевска и на Министерството за култура на Република Северна Македонија во однос […]

ПОЛИАМОРИЈА: политики и задоволства | работилница со Мима Симиќ и Марта Шушак

RfPLTar7MmvtMWIp73up

*илустрација Jochen Schievink   Тиииит! Инк. во соработка со ЛезФем организираат работилница во рамки на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Оваа возбудлива среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ (која ќе биде дел од овогодинешниот ПичПрич), на работилница […]

Декриминализација на абортусот во Мексико

3NwZocDqBmKZDZ90DuCS

Врховниот суд одлучи да го декриминализира абортусот во Мексико. Со оваа историска одлука се поставува преседан откако судот го прогласи за неуставен законот за криминализација на абортусот во државата Коавила. Активистите сметаат дека доколку се спроведе законот, ова би значело дека ќе се стави крај на случаите против жените кои се моментално во судска постапка […]

Вибратор за култура

1gOmftiaMDuoJcpcvbAE

Министерството за култура на Полска реши да го одложи Женскиот филмски фестивал HER DOCS во Полска, на неодредено. Во последен момент, само ден пред почетокот на програмата, што требаше да се случи на 4 март, Министерството за култура на Полска издаде наредба да се стопира програмата и да се отпушти организаторот на фестивалот, Дариус Виеромиејчик. […]

Реакција: Држава што не постапува е држава што не се грижи за здравјето на жените!

QL6HuZVOGiDiFBN2ZTlE

Платформата за родова еднаквост најостро реагира на прес-конференцијата на Лекарската комора и на информацијата дека стручниот надзор на Комората не утврдил никаква лекарска грешка во случајот со родилката Јелдз Веапоска од Дебар, чиешто сведоштво во јавноста укажува на негрижа и непостапување на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно […]

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ИТНО ДА ГО РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ „ЈАВНА СОБА“ И ДА ЗАПОЧНЕ ПРОФЕСИОНАЛНО ДА РАБОТИ НА СЛУЧАИТЕ НА РОДОВО-ЗАСНОВАНО НАСИЛСТВО

42pyvV3GF5XlTtv2nYBY

Платформата за родова еднаквост денес одржаа прес-конференција на која упати барања до Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово-засновано насилство. Од Платформата бараат обвинителството и Советот итно да испорачаат конкретни резултати по нивните барања со рок до 8 […]

Марш за женски права!

OCDKVKhXyRPW0D8eEE0R

На 8 март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, оваа година маршираме под слоганот „Ти не си виновна!“  8 март е ден кога ја славиме секоја борба, секој глас, секој отпор! Поттикнати […]

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4