„Историјата на собирите на ЛГБТИК+ жените од регионот“ – Изложба на ЛГБТИК+ архивата „Аркадија“ + разговор

Facebook event

Во четврток, на 30 октомври го отвораме есенското издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО #ППЖ13 со првиот настан од QUEER програмата со изложбата „Историјата на собирите на ЛГБТИК+ жените од регионот“ на ЛГБТИК+ архивата „Аркадија“.

Од средината на 1990-тите години, Лезбејската недела станува едно од најважните регионални собирања на лезбејки, бисексуални и квир жени низ Балканот. Одржувана во континуитет од страна на Лабрис – Организација за лезбејски човекови права во Белград, оваа недела создава простор за поврзување, промислување и отпор, жива архива на феминистичката и квир солидарност.

Со оглед на тоа што почнуваат да се одржуваат во годините по распадот на Југославија, првите средби изискувале охромна храброст. Жени од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија, а подоцна и од Албанија и Косово, се собирале за да зборуваат за видливоста, опстанокот и самоопределувањето во непријателски политички и општествени контексти. Овие средби често се одвивале тивко и незабележено – во безбедни станови, феминистички центри и заеднички простори – но ја носеле тежината и потенцијалот на промената.

Со текот на времето, Лезбејската недела прерасна во отворена, меѓугенерациска и транснационална платформа што ги обединува активист(к)ите, уметниците, истражувач(к)ите и сојузниците/-чките од целиот Балкан. Преку работилници, тркалезни маси, перформанси и изложби, овие настани поттикнуваат дијалози за идентитетот, политиката и грижата, притоа градејќи долгорочни соработки што го имаат обликувано регионалното ЛГБТИК+ движење.

Изложбата „Историјата на собирите на ЛГБТИК+ жените од регионот“ на ЛГБТИК+ архивата „Аркадија“ од Србија им оддава почит на основачките генерации на движењето и на нивната работа што ја обликува(ла) иднината на лезбејскиот* активизам – замислувајќи како би можела да изгледа регионалната феминистичка и квир солидарност во децениите што доаѓаат. Движејќи се низ архивските фотографии, дознаваме за бројните панел-дискусии, разговори и уметнички интервенции што ја преиспитуваат ѝсторијата на лезбејското* организирање, ги поврзуваат со сегашните предизвици и ги осмислуваат стратегиите за новите генерации активист(к)и.

——————

По отворањето на изложбата на архивата „Аркадија“, продолжуваме низ трансгенерациски разговор на тема: „Мапирање на лезбејскиот* активизам, неговите почетоци и трансформации кај нас и во регионот“ преку кој ќе ги мапираме некогашните и денешните форми, културни пракси и потреби на лезбејското* активистичко движење, во регионот и кај нас, и неговото место во пошироката квир и трансфеминистичка борба.

Без да бегаме од сентименталност и носталгија – сѐ додека минатото го пречитуваме како потенцијал што може да се трансфомира во нашите заложби за иднината – вечерта ќе ги прославиме лезбејките што го скршија молкот во јавниот дискурс, ќе се потсетиме на генијалните просторни и уметнички интервенции на првата македонска лезбејско-феминистичка група „ЛезФем“ и ќе позборуваме за денешните (постоечки и посакувани) сафички и трансфеминистички делувања.

Разговорот ќе го води Дони, а ќе учествуваат Ирена Цветковиќ, Јелена Васиљевиќ, Елена Петровска и Лаки.

Дојдете да се запознаеме или најдеме одново и да замислиме желби за она што претстои.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4