Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век

Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век
Istorija na zenite publ

Со особено задоволство ја претставуваме новата публикација – историската читанка „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“, подготвена од тим автор(к)и со поддршка на ХЕРА и Тиииит! Инк.

Оваа читанка претставува значаен педагошки и истражувачки материјал кој има за цел да го надополни недостигот од женски перспективи во историските наративи и да понуди поинклузивен пристап кон изучувањето на минатото. Таа ги отвора прашањата за улогата, искуствата и придонесите на жените во клучните општествени, политички, економски и културни процеси во Македонија, во периодот од крајот на Османлиската империја до создавањето на современата македонска држава .

Публикацијата е наменета пред сè за средношколци и наставен кадар, но и за сите кои се заинтересирани за историјата на жените, родовата еднаквост и критичкото разбирање на историските процеси. Преку тематски целини, историски извори, сведоштва и практични задачи, читанката поттикнува критичко размислување и нуди нови перспективи за разбирање на минатото .

Со ова издание, автор(к)ите и издавачите придонесуваат кон видливост на женските приказни, кои долго време биле маргинализирани или исклучени од официјалната историја, со цел да се изгради порамноправно и поинклузивно општество.

Публикацијата е достапна на македонски јазик на следниот линк.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4