Лара Рајхман: Прошетка низ архивата | Разговор со уметницата во соработка со кураторката Тиа Чичек

Лара Рајхман: Прошетка низ архивата | Разговор со уметницата во соработка со кураторката Тиа Чичек
PjkW1fEiXfmtPZc4a7Zl

Датум: 6.3 во 19:00ч

Локација: Приватен Принт, Адреса: Бул. „Партизански одреди“ 62/1-4

Разговорот ќе биде на англиски јазик. Поради ограничен број на места ве молиме да го потврдите вашето учество преку пополнување на образецот – https://forms.gle/2opSFGfv6eLyGRKt6 

Архивите стојат како споменици на курирани делови од податоци, расфрлани, но структурирани да претпостават поим за логичка организација. Тие содржат само информации; посетителот е тој кој треба да ги поврзе, а интелигенцијата да ги потврди. Колку и да изгледа ова утилитарно и рафинирано, самата нивна драматургија зборува за хегемонско и системско угнетување. И сепак, тие кријат скриени бисери на постојан отпор ако ги гледаме внимателно, ако се надеваме дека ќе откријат нераскажани приказни. Преку „афективно разгледување“ на искуството на уметницата при посетата на опсерваторијата на Харвардскиот колеџ, ги испитуваме малите куриозитети кои откриваат слика скриена на видно место. Еден од непрепознаените трудови преку кои можеме да ги откриеме системите врз кои се темелат нашите знаења.

За изложбата: „Тела за еднократна употреба“, ги преплетува историските факти и фикцијата, црпејќи од приказната за жените астрономски компјутери, жени вработени во опсерваторијата Харвард кон крајот на 19 век, кои документираат и мапираат ѕвезди на ноќното небо. Видеоинсталацијата, со својата историска позадина и самата поставка, користи метафора и поетски наратив за да го постави прашањето кој останува запаметен и како телата стануваат алатки во системи базирани на податоци.

Оваа изложба е дел од групната изложба „Светло минато е пред нас“ курирана од Илија Прокопиев и Марија Христова, првично создадена и поставена во галеријата „Шкуц“ во Љубљана во јуни 2025 година. Во 2026 година, се сели во студиото на Приватен принт како дисперзирана програма од 5 мали самостојни изложби во текот на целата година. 

Лара Рајхман (1995) е визуелна уметница од Љубљана, Словенија, која работи во областа на видео, анимација и дигитална графика. Комбинирајќи историски фрагменти со фиктивни наративи, таа (пре)обмислува приказни за заборавени, избришани или недостижни места, како и фигури кои постојат на маргините на запишаната историја. Нејзините неодамнешни проекти се фокусираат на слики од далечинско набљудување и фотографија како алатки за екстракција на податоци, преиспитувајќи ја објективноста на таквиот визуелен материјал и дисперзираната гледна точка што ја овозможуваат дигиталните технологии. Преку употреба на кинематографски и театарски елементи, таа истражува различни пристапи кон раскажувањето приказни во рамките на изложбените простори. 

Тиа Чичек е кураторка, писателка и истражувачка. Програмски ја води галеријата Шкуц помеѓу 2020 и 2025 година и моментално ја ко-раководи на Школата „Свет на уметноста“ за кураторски практики и критичко пишување во Љубљана, и соработува со „Маска Љубљана“ – продукција и издавачка куќа за перформативни уметности. Фокусирајќи се на колаборативно креирање изложби/проекти, ги зема грижата, феминистичките и квир методологиите како основа за соработка и дискусии. Кураторското истражување на Тиа – испреплетено кураторство – претставува поврзаност во грижата за сите повеќе-од-човечки видови вклучени во претставувањето и дискусијата за современата уметност.

————-

Спроведувањето на активноста е поддржано од Equality Fund, Kvinna till Kvinna и Амбасадата на Embassy of Sweden in Skopje.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4