Отворен ден на Тиииит! Инк.: простор за запознавање, вклучување и соработка

Отворен ден на Тиииит! Инк.: простор за запознавање, вклучување и соработка
ECESpWw6nQYsmy3TgcTG

На 18 февруари, во просториите на Младинскиот центар „Матично“, Тиииит! Инк. го одржа својот Отворен ден, на кој присуствуваа околу 20 учесници и учеснички заинтересирани за вклучување во програмските активности на организацијата.

Настанот беше замислен како простор за запознавање со тековната работа и плановите за 2026 година, при што тимот на Тиииит! Инк. ги претстави програмските линии, тековните иницијативи и можностите за ангажман. Учесниците имаа можност да се претстават и да посочат во кои области и програми се препознаваат, отворајќи простор за понатамошна соработка.

Атмосферата беше интерактивна и отворена, со активна размена на интереси и мотивации за вклучување. Како резултат, дел од присутните изразија интерес за волонтерско или соработничко учество во различни сегменти од работата на организацијата, вклучително и: финансии и администрација, комуникации (социјални мрежи), поддршка на веб страната, креирање содржини, како и програмски активности како што се Изведувачка, Визуелна, Филмска и QUEER програма, Летната школа за феминистичко драматуршко размислување, Школата за феминистичко курирање, Школата за DJ-ки, феминистички стенд-ап, издавачката едиција Vagina Dentata, иницијативите за менструална правда и женски кооперативи, како и учество во Собранието и организацијата на Протестот за 8-ми март.

Отворениот ден претставува важен чекор во градењето на заедницата околу Тиииит! Инк., како и во отворањето на нови можности за вклучување, учење и заедничко дејствување.

———–

Отворениот ден на Тиииит! Инк. е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4