ПОВИК ЗА ГРАФИЧКИ/КА ДИЗАЈНЕР/КА за ПРВО ПА ЖЕНСКО #14

ПОВИК ЗА ГРАФИЧКИ/КА ДИЗАЈНЕР/КА за ПРВО ПА ЖЕНСКО #14
Vi9nYQ9GJheUf8k3zeDD

Тиииит! Инк. објавува повик за графички/а дизајнер/ка кој/а ќе го изработи визуелниот идентитет за четиринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.

Програмата на ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 ја развиваме во тематската рамка:

МАЈЧИНСТВО


Ова издание на фестивалот ќе отвори простор за многуте можни интерпретации на мајчинството надвор од доминантните идеализирачки и романтизирачки наративи, ставајќи ги во фокус политичката и општествена позиција на оваа претпоставена улога на жените – нивните тела, етиката на грижа, неплатениот труд, емотивната експлоатација, репродуктивното и менталното здравје, но и издржливоста, одржливоста, отпорот и различните полиња на солидарна борба.

ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 ќе биде посветено на мајкувањето, кое не само што ја надминува биолошката улога на жените, туку и ја осветлува нивната клучна улога во борбата за спас на светот од општествен и еколошки колапс.

ГРАФИЧКИОТ/АТА ДИЗАЈНЕР/КА НА ППЖ#14 ЌЕ БИДЕ АВТОР/КА НА:
🟣 Визуелен идентитет што ги рефлектира вредностите на Тиииит! Инк. и тематската рамка МАЈЧИНСТВО
🟣 Постер за четиринаесеттото издание на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО
🟣 Адаптација на дизајнот за поединечните настани од програмата на ППЖ#14 (онлајн и офлајн материјали)

ШТО ОЧЕКУВАМЕ?
🟣 Напредни познавања на феминизмот и родовите прашања феминистички теми и критички однос кон општествени прашања
🟣 Подготвеност за работа со комплексна и повеќеслојна тематска рамка
🟣 Познавање на ставовите и визијата на Тиииит! Инк. и фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО
🟣 Претходно искуство со слични ангажмани и организации е пожелно, но не и задолжително

ВРЕМЕНСКА РАМКА
Ангажманот започнува со потпишување на договорот со избраниот/ната дизајнер/ка (најдоцна во април) и трае до завршувањето на фестивалското издание ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 во текот на 2026 година.

ФИНАНСИИ
Надоместокот за ангажманот ќе биде дополнително договорен со избраниот/ната кандидат/ка.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?
Заинтересираните дизајнери/ки треба да пополнат Google формулар и да ги достават следните материјали:

🟣 Кратка биографија
🟣 Портфолио со претходни работи
🟣 По избор, предлог дизајн инспириран од тематската рамка. Апликациите со и без предлог ќе се разгледуваат еднакво.

Избраните кандидати/ки ќе бидат поканети на интервју, каде ќе се дискутира можната соработка. Оние кои нема да бидат избрани, Тиииит! Инк. ќе ги има предвид за идни ангажмани.

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 27 февруари 2026

За повеќе информации, контактирајте нè на: 📩 tiiiit.inc@gmail.com

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4