Кој се грижи, под кои услови и како би изгледало кога грижата би била заедничка одговорност? Во есејот „Мајчинствување наспроти мајчинство: дулување, ксеногостопримство и поимот мајкарка“, Софи Луис го разгледува мајчинствувањето како практика на грижа преку која можеме да градиме сродства и надвор од биолошките врски и наследените родови улоги.
Есејот, во превод на Грација Атанасовска, беше една од појдовните точки за темата МАЈЧИНСТВУВАЊЕ на 14. издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Зинот го претставивме на 24 ноември 2026 година, во рамки на QUEER програмата на фестивалот, на вечерта со онлајн предавањето на Софи Луис „Укинување на семејството како комунизација на грижата“.
Зинот е бесплатно достапен во две PDF-верзии.