CODOMESTICATION на ПРВО ПА ЖЕНСКО 14

CODOMESTICATION на ПРВО ПА ЖЕНСКО 14
Eventcover1920x1005pxcodomestication

CODOMESTICATION на ПРВО ПА ЖЕНСКО 14 | 13.5. Театар за деца и младинци | 19:00 // Перформанс на деца и возрасни, што им се обраќа на возрасните
Билети по цена од 250 денари: https://tix.mk/event/220/performans-codomestication?lang=mk 

CODOMESTICATION на Крот Јурак и Алекс Бејли (Естонија/Велика Британија, во моментов живеат и работат во Австрија) е перформанс првично создаден заедно со нивното мало дете, кој се претставува преку работилници и испробувања како дел од турнејскиот концепт showing without going, во рамки на проектот „(M)others on tour“. Како локална верзија, во Македонија, делото го изведе актерката Симона Спировска заедно со своите деца, минатиот ноември, на затворањето на Перформанс Платформа фестивалот на Локомотива. Делото ја проширува замислата за перформансот, поставувајќи ја грижата, меѓузависноста и секојдневното пре/договарањe во неговото јадро. Нè повикува да ги реобмислиме авторството и моќта – кој одлучува, кој следи и како создавањето се обликува кога сцената ја делат возрасни и деца, уметници и негуватели, личното и јавното.

Во време кога културното поле сè уште е водено од прекумерно производство и прекарност, CODOMESTICATION инсистира на вредноста на останувањето со она што веќе е тука и постои – со односите, потребите, меѓузависноста и грижата. Ја предизвикува идејата дека уметноста мора да се создава преку постојана мобилност и непрекинато производство, предлагајќи наместо тоа уметност што произлегува од домашните реалности, од заедничкото време и од заемното обликување на животот и работата.


Работните услови во продукцијата овде се клучен предмет на интерес, бидејќи тие го одредуваат кој може да создава уметност и под кои околности. Без реобмислување на овие услови, многу гласови – особено оние на мајките и негувателките – ризикуваат да бидат исклучени од културниот пејзаж. Поддршката на мајките во уметноста не е прашање на специјален третман, туку на структурна правда: тоа значи препознавање на грижата како чин на создавање, како кореографија, како труд што го одржува и животот и културата.


Продукцијата е овозможена со поддршка од Perform Europe, како дел од проектот (M)others on tour, Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија и Фондацијата Хајнрих Бел. Програмата Perform Europe е кофинансирана од програмата Креативна Европа на Европската Унија, а ја спроведува конзорциум од шест организации: IETM – International network for contemporary performing arts, European Festivals Association (EFA), Circostrada, European Dance Development Network, Pearle * – Live Performance Europe и IDEA Consult.


Изведбата се реализира во соработка со Performance Platform Festival #PPF и Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.


Настанот е поддржан од Equality Fund.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4