Лео Поповиќ

Лео Поповиќ

Падре Долоросо фото @aman.be.deus

Лео Поповиќ е наградуван актер, музичар, и дрег крал од Скопје кој настапува под името Падре Долоросо. Со 10-годишна кариера со фокус на in-yer-face и политички ангажиран театар смета дека активизмот и уметничкиот израз се инхерентно испреплетени и токму тоа сака да го прикаже низ дрегот, за којшто вели дека е „сиров театар без шефови и режисери“. Настапувал на Skopje Pride Weekend, „Прво па женско“, Парадата на гордоста во Скопје и ФЕСТ во Подгорица, како и во повеќе локали низ градот.

Настапувал на Skopje Pride Weekend, „Прво па женско“, Парадата на гордоста во Скопје и ФЕСТ во Подгорица, како и во повеќе локали низ градот.

Заедно со Лазарус, го основаа колективот DragKingsMK, отворајќи простор за преиспитување на родовите норми, истражување на сопствениот идентитет и перформансот како форма на политички израз и отпор.

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4