Јана Старделова е Скопјанка која живее и работи во Љубљана. Таа е една од основачките на организацијата и кума на фестивалот Прво па женско. Нејзините главни улоги во организацијата се: фандрејзинг, развој на проекти и програми, логистика и координација. Покрај тоа што е феминистка, активно работи и делува на следните подрачја: заштита на човековите права на мигрантите и бегалците, активирање на дијаспораta, развој на заедниците на локално ниво и неинституционални уметнички иницијативи на маргинализирани групи.