Јулијана Младеновска е комуниколог и културна работничка со повеќегодишно искуство во областа на комуникациите, истражувањето и управувањето со проекти во граѓанскиот и културниот сектор. Дипломирала општа и компаративна книжевност, а магистрирала комуникации. Нејзините професионални интереси ги опфаќаат родовата еднаквост, културата, човековите права и општествените промени. Моментално работи во Тиииит! Инк., каде што е ангажирана во комуникацијата и реализацијата на културни и општествено ангажирани програми.