Повик за ангажирање експерт/ка за истражување за женски кооперативи

Повик за ангажирање експерт/ка за истражување за женски кооперативи
Zacdmsqk1sq35xiybb0d

24.03.2025

Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите заинтересирани кандидати/ки, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

  1. Општи услови

Набавувач на услуги: Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје со седиште на ул. Јордан Хаџиконстантинов Џинот 4/2-9 во Скопје.

Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за услуга – истражување за женски кооперативи

Активноста е дел од проектот „Феминистички практики 3.0“, финансиран од Квина тил Квина од Шведска, и тргнува од идејата за зајакнување на економскиот капацитет на жените, како начин за обезбедување поголема независност на жените да донесуваат одлуки за сопствениот живот. Концептот на женски задруги е еден модел кој нуди засолниште за жените жртви на насилство и ќе биде предмет на истражувањето. Изборот ќе се направи согласно најдобриот понуден пристап и методологија, како и финансиска понуда во рамките на расположливиот буџет.

  1. Потребни квалификации и начин на аплицирање

Апликантите/ките кои се заинтересирани да се пријават на отворениот повик можат да ги поднесат потребните документи на следната адреса: Јордан Хаџи-Константинов Џинот 4-3-9, 1000 Скопје или електронски на tiiiit.inc@gmail.com. 

Кандидатите/ките потребно е да ги имаат следните квалификации:

Образование: Најмалку високо образование во областа на социјална работа/политика, психологија, развојни студии или други релевантни за областа на социјалните услуги, вработување, психо-социјална и кариерна поддршка, родови прашања, советување или сродни области.

Работно искуство: Најмалку 5 години искуство во истражувања од областа на родови прашања, работа со ранливи групи, работа со жени, граѓански организации.

  1. Апликантите/ките треба да ги поднесат следните документи:

Работна биографија на експертот/ката;

Примерок од преходен сличен ангажман;

Понудена методологија и временска рамка;

Понудена бруто цена за ден во денари.

  1. Критериуми за избор

Оценка на техничка спецификација на понудите, дали истите се комплетни според пропишаните критериуми во овој повик – 10 поени

Евалуација на биографиите – 60 поени

Избор на најдобрата понуда според принципот “најниска цена” – 30 поени

Понудувачите треба да достават бараната документација најдоцна до 07.04.2025 до 16 часот, а понудувачот со најмногу освоени поени ќе биде земен предвид за разгледување и дополнително ќе биде известен и повикан за склучување на договор.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4