ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КООРДИНАТОР/КА ЗА КОМУНИКАЦИИ

Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. објавува оглас за ангажирање на Координатор/ка за комуникации. Тиииит! Инк. е формирано во 2014 година и дејствува во насока на создавање родово еднакво општество во кое феминистичките вредности претставуваат општествена придобивка, а жените и маргинализираните заедници активно учествуваат во креирањето на општествениот, политичкиот и културниот живот. Организацијата […]
КРАЛОТ Е ГОЛ | Отворен повик за работилници за дрег кралеви | ППЖ14

17.10 | 24.10 | 08.11 во (пред)пладневните часови Пријавување на линкот: https://forms.gle/yow2XCu73519HTSX6 Повикот е отворен до 14 октомври. Другар(к)и, слушаме дека дрег кралеви нѐ имало малку, па решивме да бараме појачување! Во дрегот, женственоста е секогаш некако забавна за изведба – драматична е, ни дозволува да се накитиме, да претераме, да разбудиме восхит, да ја […]
Повик за учество на отворен ден на Тиииит! Инк.

📅 Датум: 18 февруари ⏰ Време: 17:00 – 19:00 📍 Локација: Младински центар „Матично“ 💜 Сакаш да дознаеш повеќе за Тиииит! Инк. или да станеш дел од нашите активности? Тиииит! Инк. те поканува на Отворен ден – средба наменета за сите кои сакаат одблиску да се запознаат со нашата работа, вредности и можности за вклучување во […]
Видео: Школа за феминистичко драматуршко размислување 2025

Тиииит! Инк. продолжува да го надоместува недостатокот од формално образование од областа на современите изведувачки практики, а во рамки на четвртиот циклус на Платформата за изведувачки уметности „Испробување феминистички иднини 4.0“, ја реализираше втората Школа за феминистичко драматуршко размислување. Годинава програмата, во формат на летна школа, се одржа од 6 до 12 јули во живописниот […]
🩸🎨 Paint & Wine за Менструална Правда! 📅 28 мај | 📍 Лабораториум

По повод Меѓународниот ден на менструална хигиена, ве покануваме на едно посебно издание на Paint & Wine – вечер посветена на уметноста, менструалната правда и отворениот разговор. Во соработка со Paint and Wine, создадовме простор каде што ќе сликаме, ќе наздравиме со чаша вино и ќе зборуваме за менструацијата – без табуа, срам или предрасуди. […]
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА учество на летната школа за ФЕМИНИСТИЧКО ДРАМАТУРШКО РАЗМИСЛУВАЊЕ | ИФИ 4.0

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ЗА ФЕМИНИСТИЧКО ДРАМАТУРШКО РАЗМИСЛУВАЊЕ, иницирана во рамки на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИНДИНИ 4.0 на Тиииит! Инк. Повикот е отворен за најмногу 4 (четири) локални уметници/практичар(к)и/културни работничк/ци од различни дисциплини – театар, перформанс, танц, визуелни уметности, филм, музика, литература, критичка теорија, архитектура – кои имаат искуство на работа […]
Реакција: Платформата за родова еднаквост силно ја поддржува Иницијативата на жени од Шуто Оризари и нивната реакција на последниот случај на фемицид

Овој трагичен настан укажува на неуспехот на институциите во навремена и соодветна заштита на жртвите на родово базирано и семејно насилство. Апелираме до надлежните институции итно да го преиспитаат своето постапување во овој случај, да преземат одговорност и конечно да ја исполнат својата обврска – да заштитат, да постапат навреме и да спречат нови случаи […]
ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

Живееме во неофеудална(1) реалност во која клучното прашање не е она за кое Мери Оливер велеше дека е единствено: Како да се сака овој свет?(2) Во светот на неколкумина кметови и милијарди слуги, а сите на раб на финален колапс на природата, единственото прашање сепак е: Како да се ослободиме? Тринаесетото издание на Фестивалот за феминистичка култура и […]
Повик за ангажирање експерт/ка за стратешко планирање

30.04.2025 Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите заинтересирани кандидати/ки, да поднесат понуди со следните содржински спецификации: 1.Општи услови Набавувач на услуги: Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје со седиште на ул. Јордан Хаџиконстантинов Џинот 4/2-9 во Скопје. Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за […]
Повик за ангажирање експерт/ка за истражување за женски кооперативи

24.03.2025 Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите заинтересирани кандидати/ки, да поднесат понуди со следните содржински спецификации: Набавувач на услуги: Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје со седиште на ул. Јордан Хаџиконстантинов Џинот 4/2-9 во Скопје. Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за услуга – […]
ПОВИК ЗА ГРАФИЧКИ/КА ДИЗАЈНЕР/КА ЗА #ППЖ13

Тиииит! Инк. објавува повик за графички/а дизајнер/ка кој/а ќе го изработи визуелниот идентитет за тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Програмата на изданието веќе ја развиваме во тематската рамка КОЛЕКТИВНО ОСЛОБОДУВАЊЕкако солидарно заедништво во борбата за отфрлање на родовата и хетеро/цис-нормативната хиерархија и за повторно откривање, легитимирање и етаблирање […]
Повик за учество на отворен ден на Тиииит! Инк.

Датум: 19 февруари⏰ Време: 16:00 – 19:00 Локација: Ќе бидете навремено известени (има и можност за онлајн присуство) Сакаш да дознаеш повеќе за Тиииит! Инк. или да станеш дел од нашите активности? Тиииит! Инк. те поканува да присуствуваш на отворен ден каде ќе имаш можност да се запознаеш и дознаеш повеќе за нашата работа и […]
„Зошто 8 Март?“ | Отворен повик за едукатор(к)и

Ако се гледате како идни просветни работници/чки, едукатори/ки, наставници/чки или се гледате себеси во иднина како работите со млади, ова е повикот за вас! Тиииит! Инк. и оваа година, петта по ред, подготви едукативни материјали прилагодени за ученички и ученици во средните училишта со цел да се отвори простор за инклузивна дискусија со младите за […]
(Не)видливи приказни и документарен театар со Тјаша Чрнигој | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИФИ 3.0

Четвртата и последна работилница во рамки на „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ | ИФИ 3.0 беше „(Не)видливи приказни и документарен театар“ со Тјаша Чрнигој – театарска режисерка од Љубљана. „Основната премиса на документарниот театар е дека се заснова на документи (оттука и неговото име) кои потоа или се цитираат од збор до збор или […]
Структури за поддршка и резонантни површини со Ида Даниел | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИФИ 3.0

Третатата работилница во рамки на „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ | ИФИ 3.0 беше „Структури за поддршка и резонантни површини“ со Ида Даниел – уметница и истражувачка во полето на современиот танц и перформанс од Франкфурт. Оваа работилница се одржа во КСЦ Јадро од 5ти до 8ми декември 2024. „Структурите за поддршка и резонантните […]
CLICK HERE TO APPLY со Јасна Жмак | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИФИ 3.0

Втората работилница во рамки на „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ | ИФИ 3.0 беше „CLICK HERE TO APPLY“ со Јасна Жмак – писателка, драматург, истражувачка и психодрамска терапевтска од Загреб. Оваа работилница се одржа во Млади Хаб од 15ти до 18ти ноември 2024. За работилницата, Јасна Жмак напиша: „Додека сме заедно, ќе ги истражиме начините на […]
Скицирање време/простор на една институција со Милица Ивиќ | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИФИ 3.0

Првата работилница во рамки на „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ | ИФИ 3.0 беше „Скицирање време/простор на една институција“ со Милица Ивиќ – теоретичарка, истражувачка и драматург во полето на современиот танц од Белград. Оваа работилница се одржа во просториите на Архитектонскиот факултет од 6ти до 9ти ноември 2024. Целта на работилницата беше да предложи […]
ПРАВЕЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ТЕАТАР*, ПРАВЕЊЕ ТЕАТАР ФЕМИНИСТИЧКИ | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИФИ 3.0

Надоместувајќи го недостатокот од формално образование од областа на современите изведувачки практики, програмата на Школата за феминистичко драматуршко размислување иницирана во рамки на третиот циклус на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ на Тиииит! Инк, има за цел на локалните уметници активни на независната културна сцена, да им овозможи теориско и практично знаење за развојот […]
ОГЛАС ЗА ИЗВРШЕН/-НА ДИРЕКТОР/-КА на ТИИИИТ! ИНК.

Назив на работно место: Извршен/-на директор/-ка Краен рок за пријавување: 5ти август 2024. Електронска адреса за поднесување на апликацијата: konkurs.tiiiit.inc@gmail.com Апликациите задолжително да бидат со назнака „За позиција Извршен/-на директор/-ка”. Огласот е отворен за државјани/ки и лица со работна дозвола во Република Северна Македонија. Тиииит! Инк. – Скопје не поддржува дискриминација по ниту една основа. […]
Жени зад пултот – прва диџејска работилница на Прво па женско!

Тиииит! Инк. во рамки на единаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, за прв пат организираше диџејска работилница наменета за 10 девојки кои сакаат да ги развијат своите диџејски вештини. Водени од анкетите спроведени од The female:pressure FACTS и ниската бројка од 27% учеството на жените артистки и диџејки на музичките […]
Прво па женско #11

Во новата деценија од постоењето на нашето ПРВО ПА ЖЕНСКО, зачекоруваме со зборовите на Одри Лорд: „Индината на Земјата веројатно зависи од вештината на жените да идентификуваат и развијат нови дефиниции за моќта и нови начини за поврзување преку различностите.“ Програмата на единаесеттото ПРВО ПА ЖЕНСКО го слави интерсекцискиот феминизам за да нѐ поттикне заедно […]
Тиииит!Инк. објавува: Барање за прибирање понуди за ревизорски услуги

Почитувани, ЗГ за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации: 1.Општи услови Набавувач на услуги: Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје со седиште на ул. Ристо Равановски 36/1-1 во Скопје. Предмет […]
Коалиција МАРГИНИ објавува повик за учество на курс за екофеминизам

Го проследуваме повикот за УЧЕСНИЦИ НА КУРС ЗА ЕКОФЕМИНИСТИЧКИ ДИСКУРСИ И УМЕТНИЧКИ ПРАКТИКИ на нашите пријателки од МАРГИНИ и ве охрабруваме да се пријавите! Еден од најчестите стереоптипи за планетата Земја – дури и од страна на еколозите – е нејзината претстава како „Мајка природа“. Прашањата зошто е тоа така се централни во размислите на […]
ДОАЃАМЕ СО ПОКЛОН – самостојна изложба на Шејла Камериќ

27. 09. 2022 (вторник) Чифте Амам19:00 часот Затворање на изложбата 23.10.2022 Во пријателска соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, за првпат во Северна Македонија имаме чест и радост да ја претставиме Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни […]
ТОТЕМ БЕЗ ТАБУ

Стигмата, срамот и табуата за репродуктивното здравје на младите тврдоглаво ги шират пипците низ јавниот простор и создаваат една генерална непристапност до информации и алатки околу овој дел од јавното здравје. Заради ваквата општествена атмосфера, оваа иницијатива има за цел да одговори на предизвиците со кои се соочуваат младите во пристапот до менструални продукти и […]
БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ (за ревизорски услуги)

Почитувани, ЗГ за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации: 1. Општи услови Набавувач на услуги: ЗГ за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје со седиште на ул. Козле 49б во […]
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9

Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО #9 – програма10 – 16.6.2021 Во старите митови светот ги проголтува жените. На пример, Персефона. Земјата ја вшмукува додека шета по ливадата. Или Дафне. Престорена во ловорово дрво за да му избега на упорниот додворувач. Или во филмовите со автостоперки во кој жените задолжително умираат. Во сказните, како […]
ПРВО ПА ЖЕНСКО платформа за изведувачки уметности: ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ

Одговарајќи на обврската што ја налага општествената релевантност на Фестивалот и потпирајќи се на речиси десетгодишната постојана соработка со локални и интернационални независни уметници, културни работнички и работници и нивни иницијативи, Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО се определи за развивање продукција во полето на изведувачките уметности. Со поддршка на Kvinna till Kvinna […]
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИТСКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ

Институционалниот молк активно го охрабрува сексуалното вознемирување преку Интернет Жртвите се множат додека институциите тивко потфрлаат Ние, жените-активистки за човекови права од балканскиот регион, стоиме заеднички и солидарно со сите жени жртви на онлајн родово-заснованото насилство[1] и бараме од надлежните институции да постапуваат согласно нивните овластувања за темелно и неодложно да го истражат случајот […]
Првото проширување на играта со карти Fierce Women – WoW Cards пристигна во Скопје!

Долгоочекуваното прво проширување на друштвената игра со карти Fierce Women – WoW Cards, во чиј состав се наоѓаат 30 нови карти на „страшни“ жени (писателки, феминистки, активистки, уметници, новинарки, борки за женски права) од Хрватска, Словенија, Северна Македонија и Ирска, конечно излезе од печат и пристигна во Скопје! Инспиративните приказни на „страшни“ жени кои се […]
ЗАПОЗНАЈ ГИ ИЛУСТРАТОР(K)ИТЕ НА FIERCE WOMEN WOW КАРТИТЕ

Откако ја разви оригиналната Fierce Women игра со карти во 2018, нашата партнерска организација K-Zona од Хрватска едвај дочека да ја прошири истата со дополнителен шпил карти и со тоа да промовира уште повеќе инспиративни жени. Токму тоа е целта на проектот Жени за Жени или Women on Women (WOW), кој K-Zona го имплентира заедно […]
Жените се малцинство | ПРВО ПА ЖЕНСКО #8

ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК малцинство мн. малцинства Вид збор: Именка, среден род Ранг: 7964 (едн.) Помала група. Англиски: minority Албански: pakicë Примери: Жените се малцинство во политиката. Парламентарно малцинство. Спротивно од: мнозинство (ср.) Помала етничка група различна од мнозинството во државата. Англиски: minority Албански: minoritet, pakicë Употреба: Дипломатија Примери: Национално малцинство. Изведенки […]
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8

И оваа година ќе има „Прво па женско“! Бидете во Скопје од 17 до 23 август. Повеќе детали наскоро.
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРИОРИТЕТНО ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Повик до политичките партии Здруженијата на граѓани ги повикуваат политичките партии кои учествуваат во парламентарните избори да ја поддржат декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на идниот парламентарен состав. Иницијатори на декларацијата се девет мрежи на здруженија на граѓани (Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД), Национална мрежа […]
Повик за уметници за FIERCE WOMEN WOW CARDS

Дали си уметни(к)ца во потрaга по можност за поддршка на женски права и родова еднаквост, влијаејќи преку својата креативност? Помогни ни да претставиме 30 значајни жени од Ирска, Словенија, Северна Македонија и Хрватска за првиот дополнителен шпил од Fierce Women играта со карти, правејќи уметничко дело од секоја посебна карта. Во 2018 година Здружението на […]
Номинациите за WoW наградите се отворени!

Бараме хероини, жени борци за еднаквост, рамноправност и праведност! Историјата е напишана од луѓе на позиција на моќ со цел да се задржат актуелните социјални односи на експлоатација. Фактот што речиси воопшто не се споменуваат жени во историјата, или пак се споменати само оние кои го поддржувале одржувањето на социјалниот статус кво, не е случајност туку претставува […]