Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. објавува оглас за ангажирање на Координатор/ка за комуникации.
Тиииит! Инк. е формирано во 2014 година и дејствува во насока на создавање родово еднакво општество во кое феминистичките вредности претставуваат општествена придобивка, а жените и маргинализираните заедници активно учествуваат во креирањето на општествениот, политичкиот и културниот живот.
Организацијата работи на спротивставување на патријархалните вредности, пред сè преку културата, создавајќи простор за изразување, делување и критичко промислување на општествениот контекст од страна на жените и маргинализираните заедници.
Една од главните активности на здружението е ПРВО ПА ЖЕНСКО — фестивал за феминистичка култура и акција.
Поради проширување на тимот и зголемен обем на активности, организацијата објавува оглас за:
Координатор/ка за комуникации
Опис на работната позиција
Избраниот/ата кандидат/ка ќе биде одговорен/на за планирање, координација и спроведување на комуникациските активности на организацијата и нејзините проекти, како и за поддршка во планирањето, следењето и координацијата на проектните активности. Посебен фокус ќе биде ставен на видливоста на програмите, проектните резултати и фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО.
Неговите/Нејзините работни задачи ќе вклучуваат:
– Подготовка, спроведување и следење на комуникациски планови за проектите и активностите на организацијата;
– Планирање, креирање и координација на содржини за социјалните медиуми и дигиталните комуникациски канали;
– Управување со профилите на организацијата на социјалните медиуми и ажурирање на содржините на веб-страниците;
– Следење на дигиталните медиуми, социјалните мрежи и актуелните комуникациски трендови, како и нивна примена во работата на организацијата;
– Креирање, спроведување, следење и оптимизирање на дигитални кампањи;
– Подготовка на текстови, наративи, блогови, соопштенија и други комуникациски материјали поврзани со проектните активности;
– Идентификување можности за медиумска видливост и обезбедување медиумски простор во домашни и меѓународни медиуми;
– Следење на динамиката на активностите и програмата на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО и навремено подготвување комуникациски содржини во согласност со фестивалските вредности и комуникациската стратегија;
– Следење на спроведувањето на комуникациската стратегија на организацијата и предлагање активности за унапредување на нејзината видливост;
– Учество во планирањето и координацијата на проектните активности, во соработка со проектниот и програмскиот тим;
– Следење на реализацијата на проектните активности и почитувањето на предвидените временски рамки и рокови;
– Поддршка во подготовката и ажурирањето на проектните работни планови и динамиката на имплементација;
– Координација на комуникацијата со надворешни соработници, медиуми, партнери и други вклучени страни во рамки на проектните активности;
– Учество во подготовката на наративни извештаи, постигнатите резултати и видливоста на проектите;
– Документирање и систематизирање на комуникациските материјали и резултатите од проектните активности;
– Учество во идентификување потреби, ризици и предизвици во спроведувањето на проектните активности и предлагање соодветни решенија;
– Поддршка на тимот во идентификувањето потенцијални донатори и подготовката на проектни апликации.
– Избраниот/ата кандидат/ка ќе извршува и други сродни задачи во согласност со потребите и тековните активности на организацијата.
Работен ангажман
Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде склучен договор за вработување на определено време во траење од една година.
Работното време изнесува 40 часа неделно (100% работен ангажман), согласно Законот за работни односи.
Работното место е во канцеларијата на Тиииит! Инк. во Скопје.
Потребни квалификации
– Завршено високо образование од областа на општествените или хуманистичките науки, комуникациите, новинарството, маркетингот или сродни области – ќе се смета за предност;
– Најмалку 2 години работно искуство во областа на комуникациите, односите со јавноста, дигиталниот маркетинг или управувањето со социјални медиуми;
– Искуство во подготовка и спроведување комуникациски планови и кампањи;
– Искуство во координација и следење на проектни активности;
– Познавање на основните принципи и алатки за проектен менаџмент (планирање, следење на активности, временски рамки и известување);
– Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик (усно и писмено);
– Напредни компјутерски и дигитални вештини, вклучително и познавање алатки за управување со социјални медиуми и креирање дигитални содржини;
– Развиени вештини за пишување и уредување текстови и подготовка на комуникациски материјали;
– Родово-сензитивен пристап и разбирање на феминистичките вредности;
– Развиени организациски и комуникациски вештини;
– Способност за самостојна работа, тимска соработка, паралелно управување со повеќе задачи и процеси и ефикасно поставување приоритети;
– Способност за почитување на рокови и работа во динамична средина.
Како предност ќе се смета
– Искуство во комуникации на проекти од областа на човековите права, родовата еднаквост и/или културата;
– Искуство во работа со медиуми и подготовка на соопштенија за јавност;
– Познавање алатки за графички дизајн и аудиовизуелна продукција;
– Искуство во промоција и комуникација на културни настани и фестивали;
– Искуство во работа на проекти финансирани од меѓународни донатори;
– Искуство во подготовка на наративни извештаи и проектна документација;
– Познавање на европски програми и донаторски процедури;
– Познавање на досегашната работа на Тиииит! Инк.;
– Следење на активностите на ПРВО ПА ЖЕНСКО.
Услови и рок за аплицирање
Заинтересираните кандидати/ки треба да достават:
– Кратка биографија (CV) на македонски јазик;
– Мотивациско писмо.
Во биографијата потребно е да бидат наведени и две референци со контакт-податоци од претходни работни ангажмани.
Апликациите треба да се испратат на: tiiiit.inc@gmail.com, најдоцна до 22.11.2026 година.
Постапка за избор
Комисијата ќе ги разгледа сите навремено пристигнати и комплетни апликации. Кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју најдоцна до 25.11.2026 година.
Плата
Почетната месечна нето плата ќе изнесува 45 000 – 50 000 денари во зависност од искуството на кандидатот/ката, со простор за регуларни покачувања базирани на соодветен перформанс.
За дополнителни информации, заинтересираните кандидатки можат да се обратат на наведената електронска адреса.