Скицирање време/простор на една институција со Милица Ивиќ | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИФИ 3.0

Скицирање време/простор на една институција со Милица Ивиќ
6g6OPAGijIB2u8mr4e1W

Првата работилница во рамки на „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ | ИФИ 3.0 беше „Скицирање време/простор на една институција“ со Милица Ивиќ – теоретичарка, истражувачка и драматург во полето на современиот танц од Белград. Оваа работилница се одржа во просториите на Архитектонскиот факултет од 6ти до 9ти ноември 2024.

Целта на работилницата беше да предложи заедничко промисување на прашањата на институциите, базирана на искуството со Автономниот културен центар МАТРИЈАРШИЈА во Белград. Заедничката работа вклучуваше мапирање и именување на (постоечки, згаснати и потенцијални) институции и нивно исполнување со слики и содржини, во обид да се детерминира времето и да се скицира просторот на институцијата.
 

 

Милица Ивиќ е теоретичарка и практичарка во уметноста од Белград, Србија. Докторирала теорија на уметност и медиуми на Универзитетот за уметности во Белград. Како независна истражувачка во полето на современиот танц во Србија, се занимава со прашањата на архивирање и институционализација на современиот танц. Работи и како драматург во полето на танцот. Членка е на истражувачкиот тим за архивирање на современиот танц и основање на првата онлајн дигитална датабаза на современите танцови практики во поранешна Југославија, во соработка со НОМАД Танцовата академија и Музејот на современа уметност во Љубљана. Важен дел од нејзината уметничка, уредничка, организациска работа и живот е поврзан со Автономниот културен центар МАТРИЈАРШИЈА, ситопечатот, Фестивалот за неврзан стрип НОВО ДОБА и мрежата ФИЈУК. Учествува на многубројни изложби, уметнички резиденцијални програми и фестивали како дел од колективот на МАТРИЈАРШИЈА/НОВО ДОБА.

 

Прочитајте повеќе за „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ на овој ЛИНК.

Фотографии на Кристијан Караџовски.

******************************

Програмата е поддржана од: Kvinna till Kvinna, Embassy of Sweden, Equality Fund, Sigrid Rausing Trust и Министерство за култура

 

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4