Назив на работно место: Извршен/-на директор/-ка
Краен рок за пријавување: 5ти август 2024.
Електронска адреса за поднесување на апликацијата: konkurs.tiiiit.inc@gmail.com
Апликациите задолжително да бидат со назнака „За позиција Извршен/-на директор/-ка”.
Огласот е отворен за државјани/ки и лица со работна дозвола во Република Северна Македонија.
Тиииит! Инк. – Скопје не поддржува дискриминација по ниту една основа.
———————————————————————-
ОПИС НА НАДЛЕЖНОСТИТЕ
Во моментот, тимот на Тиииит! Инк. – Скопје, составен од редовно вработена Менаџерка за финансии и администрација, Проектна координаторка, како и хонорарно ангажирани Координаторка на комуникации и две Програмски менаџерки, реализира 6 проекти финансирани од 6 донатори.
Поширок преглед на работата на Тиииит! Инк. е достапен на веб страницата https://tiiiitinc.com/mk и каналите на социјалните мрежи https://www.facebook.com/Tiiiit.inc/ и https://www.instagram.com/tiiiit.inc/
Според Статутот на Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје, Извршниот/-та директор/-ка:
• е одговорен/-на пред Собранието и Управниот одбор;
• ја планира, организира и спроведува работата на Извршната канцеларија;
• го претставува и застапува Здружението во правниот промет и спрема трети лица;
• го застапува здружението пред трети лица;
• потпишува договори во име на здружението;
• е потписник/-ка на сметката на здружението;
• ја потпишува завршната сметка на здружението;
• врши други работи утврдени со Статутот и со останатите акти.
Според Систематизацијата на Тиииит! Инк. – Скопје, Извршниот/-та директор/-ка раководи и е извршно одговорен/-на за целокупната работа на Здружението ие посебно одговорен/-на за:
Менаџерски одговорности
• Обезбедување на целокупна координација на активностите и обезбедување правна усогласеност на организацијата и внатрешно усогласување на политиките во улога на проектен/а менаџер/ка;
• Управување со спроведувањето на стратешките планови;
• Управување со имотот на организацијата;
• Управување со програмското планирање;
• Управување со финансирањето на Здружението во согласност со можностите и потребите и согласно законските одредби и интерните правилници;
• Управување со стратешките, годишните и акциските процеси на планирање;
• Имплементирање на проектните активности во линија со плановите за имплементација и временските рамки на проектите;
• Комуникација со донаторите и другите засегнати страни;
• Настапи во јавност, преку медиуми и други средства за комуникација;
• Менаџирање и координирање на проектни тимови;
• Учество на проектни активности во државата и надвор од неа;
• Управување со процесот на финансиско планирање;
• Одобрување на пресметките на платите и плаќањата во координација со менаџерот/-ката за финансии и администрација.
Финансиски одговорности
• Потпишување на сметките на Здружението;
• Потпишување на завршната сметка на Здружението;
• Реализација на финансискиот план;
• Правилна употреба на средствата на Здружението;
• Тековно/редовно и вонредно финансиско известување на Управниот одбор.
Програмски одговорности
• Стратегиско и оперативно планирање, програмско моделирање, извршување и известување за програмите на Здружението;
• Идентификација на стратегиски партнери и поддржувачи, вклучувајќи стратегиски развој на ресурси;
• Раководење и/или координација со раководствата на ентитетите формирани од Здружението;
• Стратегиска координација со раководствата на партнерските организации;
• Тековно/редовно и вонредно програмско известување на Управниот одбор;
• Стратегиска комуникација и координација со канцелариите на донаторските организации.
За својата работа Извршниот/-ната директор/-ка одговара пред Управниот одбор на Здружението.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
• Диплома за завршено високо образование во соодветна област (предност ќе имаат кандидатите со завршени општествени науки и хуманистички науки. );
• Најмалку 5 години професионално искуство на раководни функции и/или на самостојно менаџирање и координирање проектни активности кои подразбирале и менаџирање тимови и обезбедување и менаџирање со фондови, во областа на родовите прва и феминизмот, човековите права, културата и други области од општественото живеење во кои делува организацијата;
• Познавање на политиките и состојбите во однос на родовата еднаквост и културата;
• Одлични познавања на деловен македонски и англиски јазик (пишан и говорен);
• Напредни вештини за информатичка технологија и одлично познавање на Microsoft Office.
Доколку имате потреба од дополнителни специфични информации може да ги побарате на konkurs.tiiiit.inc@gmail.com во периодот од 8ми до 25ти јули, 2024.
ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Со избраниот/-ната кандидат/ка Тиииит! Инк. – Скопје ќе склучи договор за вработување со взаемни права и обврски уредени во согласност со Законот за работните односи. Времетраењето на иницијалниот договор ќе биде за 3 месеци пробна работа, со можност за продолжување на определено или неопределено време.
Работното време ќе изнесува 40 часа неделно, со можност за флексибилност.
Работното место е во седиштето на Тиииит! Инк. – Скопје на ул. „Ристо Равановски“ бр. 36-1/1, Скопје, со можност за работа од дома. Работните задачи подразбираат и повремена теренска работа и службени патувања низ земјата и во странство.
Информацијата за предвидената нето плата ќе биде споделена во текот на итервјуата со прелиминарно избраните кандидати/-ки.
РОК И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните кандидати/-ки потребно е да достават:
• детална биографија на македонски јазик со вклучена листа на претходно реализирани проекти;
• писмо за мотивација на македонски јазик;
• препорака од претходен работодавач/претпоставен соработник со потврда за релевантно претходно работно искуство;
• податоци за контакт.
Апликациите се доставуваат на konkurs.tiiiit.inc@gmail.com со предмет на пораката „За позиција Извршен/-на директор/-ка“ најдоцна до 5ти август 2024 година.
ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ/КА
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид.
Најквалификуваните кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју во периодот од 7 до 9ти август. Доколку заради летните одмори не постои услов за разговор во живо, можна е и онлајн опција за интервјуто.
———————————————————————-
Комисијата го задржува правото за организација на повеќе кругови интервјуа до конечниот избор, за што кандидатите ќе бидат навремено известувани.
Сите кандидати/-ки ќе бидат известени за конечните резултати од конкурсот, по електронски пат, во рок од 15 дена по затворање на конкурсот.
———————————————————————-