ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

ПРВО ПА ЖЕНСКО 13
R4yjwxbs2tf3cjpzuycm

Живееме во неофеудална(1) реалност во која клучното прашање не е она за кое Мери Оливер велеше дека е единствено: Како да се сака овој свет?(2) Во светот на неколкумина кметови и милијарди слуги, а сите на раб на финален колапс на природата, единственото прашање сепак е:

Како да се ослободиме?

Тринаесетото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО на ова прашање се обидува да одговори од позиција на увереност дека слободата ни е можна само ако се ослободиме едни со други. 

Програмата на ППЖ#13 заговара дека во ослободувањето од прангите на најмоќната машина за разорување, сите имаме улога, и дека нашата разнообразност е нашата клучна предност. Не постојат совршени сојузници туку само оние кои имаат волја да поддржат, да се придружат. Сите оние кои се подготвени нешто да загубат – бесмислената самодоволност за утехата на препознавање во другиот, комфорот на познатото за охрабрувачката верба во подобар свет, личните привилегии за колективното ослободување.

Во услови на, не сaмо нормализирано, ами и тенденциозно поттикнувано насилство, ксенофобија, мизогинија, хомофобија, само здружени можеме да го сочуваме просторот на независната, обединувачка и ослободувачка култура. Затоа програмата на ППЖ#13 во целост ја развивме заедно со другар(к)ите со кои стоиме непоколебани во оваа определба. 

Филмската програма ја реализираме во соработка со Фестивалот KINO UNSEEN од Хрватска и локалната организација Факултет за работи што не се учат FR~U. Изведувачката програма се реализира во солидарност со Фестивалот за квир уметност и култура СКОПЈЕ ПРАЈД ВИКЕНД и фестивалот ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА на Локомотива, и во соработка со Лабораторијата за просторно изведувачки практики ГРАДОТ КАКО СЦЕНА на FR~U. Музичката програма ќе биде дел од 15тото издание на Фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ на Младинскиот културен центар – Скопје, а возобновената квир програмата директно ја ангажира локалната квир заедница, со посебен фокус на лезбејските и трансфеминистички (FLINTA) колективи и здружувања. 

ППЖ#13 е тука да потсети дека нашите борби не се само меѓусебно поврзани, ами зависат една од друга. Нема феминизам без транс жени, нема антифашизам без осуда на окупациите и геноцидот, нема класна борба без анти-расизам и деколонијализам… Нема ослободување додека не бидат слободни сите исклучени, замолчени, протерани, угнетени и потчинети.

Никој нема да дојде да нѐ спаси. Ќе се спасиме само едни со други.

Следуваат детални информации за програмата на ППЖ#13 Следете нѐ!

Дизајн на постер: Април Ана Попоска 

*************************************

(1) Jodi Dean, Capital’s Grave: Neofeudalism and the New Class Struggle, 2025

(2) “There is only one question:how to love this world.” ― Mary Oliver, House of Light, 1990

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4