ЖЕНИ ЗАД ПУЛТОТ VOL. 2 | Отворен повик за диџејска работилница со Виолета Качакова

Event cover 1920x1005px

💿 ЖЕНИ ЗАД ПУЛТОТ VOL. 2 🎚 Отворен повик за диџејска работилница со Виолета Качакова
📍 Minus Eden
📅 5, 6, 11 и 12 јуни
💫 Пријавување на овој линк: https://forms.gle/ojimLBaCvxa5pXUW7


⏳ Повикот е отворен до 1 јуни!


Како од љубов кон музика, љубопитност и пракса се станува диџејка? Како се гради сопствен музички јазик, чувство за публика, динамика и простор?


Низ разговор, слушање и практична работа ќе го отвориме диџејството не само како техничка вештина, туку и како културна и општествена практика.

2.1 Launch communication campaigns and outreach for the spring edition of FIRSTBORN GIRL.DJ school (2)


Диџејството произлегува од потребата за заедничко искуство преку звук и ритам. Во рамките на школата ќе му пристапиме не само како историја на технологија или забава, туку и низ призмата на раса, класа, сексуалност, миграција, економија и отпор. Ќе зборуваме за контекстот од кој произлегуваат музичките форми поврзани со диџејството, преку клучни личности, сцени и клубови, како и за жените пионерки во електронската музика.


Практичниот дел ќе биде фокусиран на слушање, селекција и градење сет, запознавање со опрема и софтвер за миксање, основни техники на микс и разбирање на динамиката и текот на сетот. Ќе работиме со различни жанрови, атмосфери и ситуации, од warm up до peak time и closing сетови. Во завршната фаза ќе се приклучи и Бодан Јамакоски, за да ни доближи различни техники на микс и користење технологија во процесот на пуштање музика.


🎧 За сите девојки што сакаат да истражуваат, слушаат, споделуваат и пуштаат музика, школата е отворен простор за прв чекор кон сопствен музички јазик и присуство.
*Повикот е отворен за жени и девојки над 18 години.


Активноста се реализира со поддршка од Embassy of Sweden in Skopje, Kvinna till Kvinna, Equality Fund и проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Heartefact Fund.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4