КРАЛОТ Е ГОЛ | Отворен повик за работилници за дрег кралеви | ППЖ14

17.10 | 24.10 | 08.11 во (пред)пладневните часови Пријавување на линкот: https://forms.gle/yow2XCu73519HTSX6 Повикот е отворен до 14 октомври. Другар(к)и, слушаме дека дрег кралеви нѐ имало малку, па решивме да бараме појачување! Во дрегот, женственоста е секогаш некако забавна за изведба – драматична е, ни дозволува да се накитиме, да претераме, да разбудиме восхит, да ја […]
ЖЕНИ ЗАД ПУЛТОТ VOL. 2 | Отворен повик за диџејска работилница со Виолета Качакова

💿 ЖЕНИ ЗАД ПУЛТОТ VOL. 2 🎚 Отворен повик за диџејска работилница со Виолета Качакова📍 Minus Eden📅 5, 6, 11 и 12 јуни💫 Пријавување на овој линк: https://forms.gle/ojimLBaCvxa5pXUW7 ⏳ Повикот е отворен до 1 јуни! Како од љубов кон музика, љубопитност и пракса се станува диџејка? Како се гради сопствен музички јазик, чувство за публика, […]
Претставата „this is my truth, tell me yours“ на Јасна Жмак на Академска сцена на ФДУ

На 10 декември, со почеток во 20:00 часот, на Академска сцена при Факултетот за драмски уметности во Скопје, ќе се одржи изведба на авторскиот перформанс „this is my truth, tell me yours“ на хрватската писателка и драматургина Јасна Жмак. „this is my truth, tell me yours“ е авторски проект на писателката и драматургина Јасна Жмак, […]
Проекција на документарниот филм „Лезбија“ + дискусија | ППЖ13

На 15 ноември во Public room, како дел од QUEER програмата на ПРВО ПА ЖЕНСКО #ППЖ13, го прикажуваме документарниот филм „Лезбија“ (2024, 78’) на грчката режисерка Цели Хаџидимитриу. Од 1970-тите години наваму, лезбејки од целиот свет почнуваат да го посетуваат островот Лезбос, родното место на античката грчка поетеса Сафо. Откако ќе го пронајдат својот рај во едно локално село и ќе создадат […]
ШЕГИ, стенд-ап шоу со Мила Паниќ | ППЖ13

На 4 декември, од 20:30 часот во Јавна Соба, во рамки на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО 13, Мила Паниќ (Берлин) ќе настапи со своето стенд-ап шоу „Jokes“, а Ангела Стојановска (Куманово) ќе ѝ се придружи како локална поддршка. Билетите се достапни на www.drugastrana.mk ❗ВАЖНО: Настапот на Мила Паниќ ќе биде на англиски јазик.❗Сите собрани […]
За изведувачката програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

—Текст на Кристина Леловац— Прегрнувајќи го концептот на колективно ослободување, не само тематски, ами и во кураторскиот пристап и во начинот на реализација, изведувачката програма на тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО се твори и остварува во рамките на здружената иницијатива со фестивалите СКОПЈЕ ПРАЈД ВИКЕНД на Коалиција Маргини […]
How Well Did You Perform Today / Колку добро се покажа денес | ПРВО ПА ЖЕНСКО 13 + Skopje Pride Weekend

How Well Did You Perform Today / Колку добро се покажа денес Перформанс на Алма Гачанин Skopje Pride WeekendПРВО ПА ЖЕНСКО 13 #ППЖ13 Во ова моќно дело, Алма Гачанин го истражува прекаритетот, исцрпеноста и женскиот труд во услови на постсоцијалистички капитализам. Преку спој на личните белешки со разговорите со клиентите и неолибералните мантри, таа гради перформативен јазик […]
Воспоставување врски: Кино клубовите и феминистичките пристапи кон подвижните слики | 30 и 31 мај | 19:30 часот | Кино на Железничката зграда | ППЖ13

Уверени дека во светот на континуирана прекарност, корупција, политичка репресија и криминализација на солидарноста, само здружени можеме да го сочуваме просторот на независната, обединувачка и ослободувачка култура, ПРВО ПА ЖЕНСКО 13 #ППЖ13 го отвораме со филмската програма развиена во рамките на првата соработка на Тиииит! Инк. со иницијативата Kino Unseen од Загреб и нивната програма Воспоставување врски, […]