ШЕГИ, стенд-ап шоу со Мила Паниќ | ППЖ13

ШЕГИ, стенд-ап шоу со Мила Паниќ | ППЖ13
Fb event (1) 11zon

На 4 декември, од 20:30 часот во Јавна Соба, во рамки на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО 13, Мила Паниќ (Берлин) ќе настапи со своето стенд-ап шоу „Jokes“, а Ангела Стојановска (Куманово) ќе ѝ се придружи како локална поддршка. Билетите се достапни на www.drugastrana.mk

❗ВАЖНО: Настапот на Мила Паниќ ќе биде на англиски јазик.
❗Сите собрани средства ќе бидат донирани за Support Kočani.


Мила Паниќ е уметница и комичарка родена во Босна, базирана во Берлин, која оваа година го водеше Big Mouth comedy club во рамки на 13. Берлинско Биенале. „Jokes“ е стенд-ап сет составен од шеги за кои таа навистина смета дека се добри – оние што ве тераат да се смеете, но и да се запрашате зошто се смеете. Препознатлива по мрачен хумор, остар ум и бескомпромисна иронија, Мила ненападно, но прецизно ја вади публиката од комфорната зона. Со панчлајни за раселување, моќ и секојдневни апсурди, таа не само што забавува — туку и провоцира размислување. Нејзините шеги се сурови, политички наострени потсетници дека хуморот и понатаму може да биде радикален.


Ангела Стојановска е актерка од независната театарска сцена во Скопје. За време на пишувањето на овој опис, искрено не знаеше до крај на што ќе ги посвети своите 15–20 минути. Претпоставува дека ќе зборува за „реновирање“: живеалишта, врски, работни места, здравје — и себеси. И претпоставува дека низ целиот процес ќе дојде до заклучокот дека не секогаш треба да се менува сè од корен. Или треба?

Настанот е дел од фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО 13 и е поддржан од Kvinna till Kvinna, Амбасадата на Шведска во Северна Македонија и Equality Fun.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4