„WITCHES ON DECKS“: Пет диџејки зад пултот во Минус Еден во рамки на ПРВО ПА ЖЕНСКО 14

Во петок, 13 ноември 2026 година, од 20:00 до 00:00 часот во клубот Минус Еден во Скопје, ќе се одржи „FRIDAY THE 13TH: WITCHES ON DECKS — Нова клупска магија“, вечер со настапи на пет учеснички од едукативната програма „Жени зад пултот“, во организација на Тиииит! Инк. Зад пултот ќе застанат Hypnaswan, Patchwork★Girl, Breza, DJ […]
„What Kind of [Cooperative] City?“ на 9 мај го буди киното во Железничката зграда и го отвара ППЖ14

На 9 мај (сабота), од 11:00 до 16:00 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талевски 26), ќе се одржи јавниот настан „What Kind of [Cooperative] City?“, кој обединува уметничка интервенција во јавен простор, едукативна програма, музички настапи и перформативно готвење. Настанот се реализира како соработка помеѓу фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО […]
Повик за учество на отворен ден на Тиииит! Инк.

📅 Датум: 18 февруари ⏰ Време: 17:00 – 19:00 📍 Локација: Младински центар „Матично“ 💜 Сакаш да дознаеш повеќе за Тиииит! Инк. или да станеш дел од нашите активности? Тиииит! Инк. те поканува на Отворен ден – средба наменета за сите кои сакаат одблиску да се запознаат со нашата работа, вредности и можности за вклучување во […]
Промоција на книгата „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ од Јасна Јасна Жмак – второто издание од едицијата „Vagina Dentata“

Тиииит! Инк. Ве поканува на промоција на книгата „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ од хрватската авторка Јасна Јасна Жмак, ќе се одржи на 9 декември од 19:30 часот, во просторот „Netaville“ на ул. Никола Тесла бр. 9, во Скопје. „Оние работи“ претставува збирка есеи во кои Жмак се занимава со теми за кои општеството често молчи: женското тело, сексуалноста и интимноста, […]
Претставата „this is my truth, tell me yours“ на Јасна Жмак на Академска сцена на ФДУ

На 10 декември, со почеток во 20:00 часот, на Академска сцена при Факултетот за драмски уметности во Скопје, ќе се одржи изведба на авторскиот перформанс „this is my truth, tell me yours“ на хрватската писателка и драматургина Јасна Жмак. „this is my truth, tell me yours“ е авторски проект на писателката и драматургина Јасна Жмак, […]
Проекција на документарниот филм „Лезбија“ + дискусија | ППЖ13

На 15 ноември во Public room, како дел од QUEER програмата на ПРВО ПА ЖЕНСКО #ППЖ13, го прикажуваме документарниот филм „Лезбија“ (2024, 78’) на грчката режисерка Цели Хаџидимитриу. Од 1970-тите години наваму, лезбејки од целиот свет почнуваат да го посетуваат островот Лезбос, родното место на античката грчка поетеса Сафо. Откако ќе го пронајдат својот рај во едно локално село и ќе создадат […]
ШЕГИ, стенд-ап шоу со Мила Паниќ | ППЖ13

На 4 декември, од 20:30 часот во Јавна Соба, во рамки на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО 13, Мила Паниќ (Берлин) ќе настапи со своето стенд-ап шоу „Jokes“, а Ангела Стојановска (Куманово) ќе ѝ се придружи како локална поддршка. Билетите се достапни на www.drugastrana.mk ❗ВАЖНО: Настапот на Мила Паниќ ќе биде на англиски јазик.❗Сите собрани […]
За изведувачката програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

—Текст на Кристина Леловац— Прегрнувајќи го концептот на колективно ослободување, не само тематски, ами и во кураторскиот пристап и во начинот на реализација, изведувачката програма на тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО се твори и остварува во рамките на здружената иницијатива со фестивалите СКОПЈЕ ПРАЈД ВИКЕНД на Коалиција Маргини […]
How Well Did You Perform Today / Колку добро се покажа денес | ПРВО ПА ЖЕНСКО 13 + Skopje Pride Weekend

How Well Did You Perform Today / Колку добро се покажа денес Перформанс на Алма Гачанин Skopje Pride WeekendПРВО ПА ЖЕНСКО 13 #ППЖ13 Во ова моќно дело, Алма Гачанин го истражува прекаритетот, исцрпеноста и женскиот труд во услови на постсоцијалистички капитализам. Преку спој на личните белешки со разговорите со клиентите и неолибералните мантри, таа гради перформативен јазик […]
🩸🎨 Paint & Wine за Менструална Правда! 📅 28 мај | 📍 Лабораториум

По повод Меѓународниот ден на менструална хигиена, ве покануваме на едно посебно издание на Paint & Wine – вечер посветена на уметноста, менструалната правда и отворениот разговор. Во соработка со Paint and Wine, создадовме простор каде што ќе сликаме, ќе наздравиме со чаша вино и ќе зборуваме за менструацијата – без табуа, срам или предрасуди. […]
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА учество на летната школа за ФЕМИНИСТИЧКО ДРАМАТУРШКО РАЗМИСЛУВАЊЕ | ИФИ 4.0

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ЗА ФЕМИНИСТИЧКО ДРАМАТУРШКО РАЗМИСЛУВАЊЕ, иницирана во рамки на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИНДИНИ 4.0 на Тиииит! Инк. Повикот е отворен за најмногу 4 (четири) локални уметници/практичар(к)и/културни работничк/ци од различни дисциплини – театар, перформанс, танц, визуелни уметности, филм, музика, литература, критичка теорија, архитектура – кои имаат искуство на работа […]
Водење низ изложбата „Џинови и снегулки“ со уметницата Христина Иваноска

Ве покануваме на прошетка низ самостојната изложба на Христина Иваноска „Џинови и снегулки“, низ која ќе ве води авторката оваа сабота 11.01.2025 со почеток во 12:00 часот во Музејот на РС Македонија. Оваа изложба е дел од интердисциплинарниот проект „Архиви на невидливите“ во чии рамки соработката помеѓу Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), Фестивалот […]
ЗЕМЈА ЗА НАС | Интердисциплинарна програма | ПОВРЗУВАЊЕ НИЗ СЛОЕВИ И АФЕКТИ 2.0 | ППЖ12

На 23 декември (понеделник) со почеток во 18 часот во Кинотека на РСМ, во склоп на дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО ве покануваме на ПОВРЗУВАЊЕ НИЗ СЛОЕВИ И АФЕКТИ 2.0, интерцисциплинарна програма која ќе вклучува: ▫️ 18:00 Панел дискусија▫️ ЖИВОТ БЕЗ КАПИТАЛИЗАМ: КАКО ДОТАМУ? ▫️ Преку дискусијата што […]
Џинови и снегулки | самостојна изложба на Христина Иваноска | ППЖ12 и ЦИНИК

Со задоволство Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на уметницата Христина Иваноска, со наслов „Џинови и снегулки“, на 24 декември (вторник) во 19 часот, во Музејот на Северна Македонија. Оваа изложба е дел од проектот „Архиви на невидливите 3.0“, поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел и Министерството за култура на Северна Македонија. Изложбата е реализирана […]
ПичПрич | UNSEX ME / РАСПОЛОВИ МЕ

ПичПрич на тема: „UNSEX ME / РАСПОЛОВИ МЕ“ на 22 ноември во Драмски театар во 19:30 часот. Билетите се достапни на овој ЛИНК. ************************************ Инспирацијата за „Располови ме“ (анг. Unsex me) потекнува од познатиот монолог на Леди Магбет во кој ги моли злите духови да ја располоват (машкосаат во препевот на проф. […]
Изложбата „Тука, но некаде другаде“ е отворена за посета до 03. 11. 2024

На 24 октомври во просториите на „Мала станица“ во Скопје во организација на Тиииит! Инк. и ШКУЦ се отвори групната изложба со наслов „Тука, но некаде другаде / , / , во кураторство на Јана Старделова. Групната изложба содржи дела на седум уметници чии практики комбинираат локални и регионални перспективи. Делата на Невена Алексовски, Елена Чемерска, Ана Чворовиќ, Андреа Кнезовиќ, Ивана Мирчевска, Илија […]
Тука, но некаде другаде | 24.10.2024 – 04.11.2024 | Мала Станица

Тука, но некаде другаде | 24. 10. 2024 – 04. 11. 2024 | Мала станица – Скопје Отварање на изложбата: 24 октомври во 19 часот ******************************* Уметници: Невена Алексовски, Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, Ана Чворовиќ, Андреа Кнезовиќ, Илија Прокопиев, Ленка Ѓоројевиќ Кураторка: Јана Старделова Кој може да одлучи да се пресели, а кој е […]
МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА на 6 и 7 јуни во МКЦ

Изведба на перформансот развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДИНИНИ 2.0 МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА 06 и 07 јуни 20 ч МКЦ КлубБилети https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1364 МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА по монодрамата на Карен Јессо авторски текстови од коавторките и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија ФедеричиКоавторки: Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска […]
ПОВРЗУВАЊЕ НИЗ СЛОЕВИ И АФЕКТИ | ППЖ12 | 1 јуни во МСУ

ПРВО ПА ЖЕНСКО 12 presents…———————————————————–Целодневна интердисциплинарна програма———————————————————–ПОВРЗУВАЊЕ НИЗ СЛОЕВИ И АФЕКТИ ✨ 1 јуни⏳ 13 часот Музеј на современата уметност———————————————————–*Програма:———————————————————– 13:00 Градска пешачка тура МАПИРАЊЕ НА ЖЕНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО „НАШИОТ ПАТ”Водичка: Ивана Драгшиќ ( Пријави: https://forms.gle/jm7jzndAMN7xdnJJ8 ) 13:00 Работилница за деца ИЗРАЗУВАЊЕ СОЛИДАРНИ МИСЛИ И ЧУВСТВА ПРЕКУ УМЕТНОСТКоординатор: Доротеј Нешовски ( Пријави: https://forms.gle/R4WY6juBcAvk5TwE9 ) 14:00 […]
СВЕТ БЕЗ ЖЕНИ | ППЖ 12 и ППФ

Повторно здружени, овој пат низ своите фестивали ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА и ПРВО ПА ЖЕНСКО #12, ЛОКОМОТИВА и Тиииит! Инк. ве канат на изведбата на претставата СВЕТ БЕЗ ЖЕНИ на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ. Претставата која ја освои наградата од публиката на Фестивалот БИТЕФ во 2022 година, ќе биде изведена на 16ти мај на Академската […]
МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА | Перформанс по монодрамата на Карен Јес | 15 и 16 април

Изведба на перформансот развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДИНИНИ 2.0 МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА | 15 и 16 април | 20 ч | МКЦ Клуб | Билети на https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1364 МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА по монодрамата на Карен Јес со авторски текстови од коавторките и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија […]
Од отворањето на изложбата „Тука, но некаде другаде“ во кураторство на Јана Старделова

Во петок 15 декември, во Галеријата ШКУЦ во Љубљана во организација на Тиииит! Инк. и ШКУЦ се случи отворањето на групната изложба со наслов Тука, но некаде другаде / , / , во кураторство на Јана Старделова. Групната изложба содржи дела на седум уметници чии практики комбинираат локални и регионални перспективи. Делата на Невена Алексовски, […]
МОЛКОТ НА РАЗУМОТ – филм на Кумјана Новакова | Специјална проекција на ППЖ11

Silence of Reason / Молкот на разумот | Филм на Кумјана Новакова | СПЕЦИЈАЛНА ПРОЕКЦИЈА 12 декември 20 часот Кино „Фросина“ Билети: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1348 По проекцијата на филмот следува дискусија водена од филмската критичарка Петра Метерц. МОЛКОТ НА РАЗУМОТ | SILENCE OF REASON е форензички видеоесеј изграден како перформативно истражување на првиот случај на меѓународен кривичен трибунал […]
Тука, но некаде другаде | 15. 12. 2023 – 11. 1. 2024 | Škuc Gallery

Тука, но некаде другаде | 12 –11.01.2024 | Škuc Gallery – Ljubljana Уметници: Невена Алексовски, Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, Ана Чворовиќ, Андреа Кнезовиќ, Илија Прокопиев, Ленка Ѓоревиќ Кураторка: Јана Старделова Кој може да одлучи да се пресели, а кој е принуден да остане? Или, пак, важи обратното? Како што пишува бел хукс во Припаѓање: култура на […]
Втора изведба на МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА

Втора изведба на перформансот развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДИНИНИ 2.0 28.11. || 20ч || МКЦ Клуб МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА по монодрамата на Карен Јес со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи Коавторки и изведувачки: Моника Ангелевска, […]
ПРЕМИЕРА: МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА

Премиера на перформансот развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДИНИНИ 2.0 27.11. || 20ч || МКЦ Клуб МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА по монодрамата на Карен Јес со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи Коавторки и изведувачки: Моника Ангелевска, Грација […]
ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0 – презентација на платформата за изведувачки уметности на ПРВО ПА ЖЕНСКО

Со цел преку поддршка на кревката независна сцена да придонесе кон афирмација, феминистичка едукација и развој на локалната продукција во полето на современите изведувачки уметности, во 2021 година, Тиииит! Инк. ја формираше Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ. Истата година во рамки на MOT, премиерно беа изведени два авторски феминистички перформанса развиени во рамки […]
Дијалог кој недостасува: ИНСТИТУЦИЈА КОЈА НЕДОСТАСУВА || ЛОКОМОТИВА || ППЖ || Divert || МОТ

11 ноември во 12 часот во Младински Културен Центар || МОТ фестивал Институција која недостасува е продолжение на серијата (ко-кураторски) разговори Дијалог кој недостасува кои ЛОКОМОТИВА и ПРВО ПА ЖЕНСКО ги започнаа минатата година со цел да се креира простор во јавноста каде ќе можеме заедно да рефлектираме за делата, практиките, потребите, процесите, условите и […]
ЖЕНИ ЗАД ПУЛТОТ – завршна журка!

Тиииит! Инк. со огромна возбуда ве поканува на завршната журка, дел од работилницата за диџејство „Жени зад пултот“! Ова е црешата на шлагот, плодот од посветената работа на 10 талентирани девојки и жени со кои имавме задоволство да го поминеме минатиот месец, кои ги развија своите диџејски вештини со помош на менторката Дијана Димитриевска […]
, | Јасна Жмак

Здраво, се викам Јасна и би сакала да те поканам на мојата претстава. Се работи за мој прв соло театарски проект за кој сум многу возбудена. Се вика “this is my truth tell me yours” што всушност е цитат на цитат, но претставата не се занимава со овие оригинални цитати, туку повеќе со некои […]
СРАМОТА! – вечер на раскажување квир приказни и афтер со Ивана Драгшиќ!

Skopje Pride Weekend во соработка со фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО #ППЖ11 Ве покануваат на СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир приказни и афтер со Ивана Драгшиќ! СРАМОТА! е дел од Скопскиот викенд на гордоста и е иницијатива на ПичПрич дуото Ана Василева и Румена Бужаровска. Неколкумина раскажувач(к)и од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки […]
Конференција „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“

Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. заедно со иницијативата ПЕРИОД.Скопје ја организираат конференција „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“, која ќе се одржи на 31 мај (среда) во хотелот Холидеј Ин во Скопје со почеток во 10.00 часот. Настанот е предвидено да заврши до 16:30 часот. Од нашето истражување публикувано во […]
Џоди Дин и Сенка Анастасова во Скопје

Ни претставува особено задоволство што оваа година фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО вклучува разговор за критичко артикулирање и нови облици на отпор од страна на филозофки кои своите промислувања и својата работа во академската сфера ја фокусираат на политичко- субверзивни теми за глобалниот контекст на денешното време. На 29 […]
Бојана Вунтуришевиќ и Алембик | ПРВО ПА ЖЕНСКО концерт

Бојана Вунтуришевиќ и Алембик | #ППЖ11 13 мај 21 часот МКЦ Денсинг сала https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1222 Во пролет се будиме и сакаме свежи и убави работи, нешто како овогодинешната концертната програма на ППЖ11. Под мотото „старите дефиниции не ни беа од полза, ни нам, ни на Земјата што нѐ крепи*“, звукот на Прво па женско оваа година е многу […]
Extima: Плодна почва | ПРВО ПА ЖЕНСКО перформанс

Extima: Плодна почва | #ППЖ11| перформанс на Оља Грубиќ | Via Negativa 13 мај 20 часот МКЦ хол https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1221 Засновано на истражувањето во блискиот однос помеѓу цивилизациската логика и околината, перформансот го разгледува непропорционалното влијание на еколошката деградација врз жените, со фокус на околината и родовата неправда. Според Тимоти Мортон, една од главните потешкотии во размислувањето за […]
ПичПрич | Бев сама

Нема пролет доколку не се случи ПичПрич, а освен што овој настан ја најавува пролетта, го најавува и единаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО! ПичПрич ќе се одржи во старото добро Кино Фросина (МКЦ) на 6 Април, со почеток во 20 часот, каде што во далечната 2016 се одржа […]
Реферат на Ивана Хаџиевска, изложен на свечената академија по повод 80 години од основањето на АФЖ

6 декември 2022, Босански Петровац Простата и строга историска нарација на жените во 20 век е „исткаена“ од две нитки: на трудот и војните. Масовното вработување во индустриското производство, двете светски војни и комунистичката револуција неповратно ги промениле социјалните улоги во приватниот и јавниот простор. Во политичкиот простор, женските движења за рамноправност и економска […]
Проекција и дискусија за документарниот филм на Самахер Алкади

Здружението на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија Ве покануваат на проекција на документарецот на режисерката Самахер Алкади на 15-ти декември во 19:00 во Europe House Skopje. е документарен филм за низата сексуални напади кои се случуваат во Каиро, на плоштадот Тахрир на […]
Изведувачка програма на ППЖ10 | Премиера на „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска и разговор со уметницата

ПРЕМИЕРА: МИ ТРЕБА НОВО ТЕЛО – танцов перформанс 16.11.2022 20 часот МКЦ, Сала 25 МАЈ Кога кризите – пандемијата, климатскиот колапс, војните и нуклеарните закани, веќе не се трупаат туку се хранат една со друга, полесно ни е да го замислиме крајот на светот, отколку да се спротивставиме на експанзијата, експлоатацијата и екстракцијата. Единствениот начин да […]
АРХИВИ НА НЕВИДЛИВИТЕ 2022 | „Документот кој недостига“ изложба на Христина Иваноска

Архиви на невидливите: „Македонка – Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија Во петок, 28.10.2022, со почеток од 12 часот, во Музејот на Република Северна Македонија–Скопје, ќе одржи промотивен настан со фокус на сеопфатно истражување на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“. Настанот го организира Центарот за истражување […]
Да играме! – Филмска програма на Прво па женско 10

Да играме! Филмската програма на ППЖ 10 е игралиште, игранка, играчница, игра. Ги доближува имагинарното, возможното, неочекуваното, возбудливото и заедничкото. Така, старото и ограничувачко станува ново и отворено. Затвореното се отвора, досадното оживува, а забраните се во некои други светови и повеќе не важат. Авторките чии филмови како различни игри влегуваат храбро во […]
Земјата во нашите џебови – самостојна изложба на Невена Алексовски

13.10.2022 во PrivatePrint 19:00 часот Затворање на изложбата 12.11.2022 Невена Алексовски за првпат ќе изложува пред македонската публика на десетото, јубилејно издание на фестивалот Прво па женско. Таа е активна на словенечката независна уметничка сцена, има бројни самостојни и групни изложби. Во галеријата на PrivatePrint ќе се претстави со самостојна изложба насловена „Земјата во […]
„Гол живот“ – перформанс на Оља Грубиќ (ВиаНегатива, Љубљана)

Голите женски фигури бараат место во публиката, на сцената, покрај ѕидовите во просторот. Рендањето зеленчук има централна улога во перформансот: изведувачките рендаат моркови, тиквички и краставици во сексуално обележани положби. Жената е претставена како домаќинка и сексуален објект во еден чин, а во исто време, фрагменти од менталниот тек на изведувачот се расплетуваат паралелно со […]
Срамота! – Вечер на раскажување квир приказни и забава со Зоки Бејбе

Skopje Pride Weekend во соработка со фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО #ППЖ10 Ве покануваат на СРАМОТА! – Вечер на раскажување квир приказни и афтер со Зоки Бејбе! СРАМОТА! е дел од Скопскиот викенд на гордоста и е иницијатива на ПичПрич дуото Ана Василева и Румена Бужаровска. Неколкумина раскажувач(к)и од јавната културна, политичка и општествена сфера […]
ПичПрич | Цепки

По повод 10 години ПРВО ПА ЖЕНСКО фестивал за феминистичка култура и акција, Тиииит! Инк. Ве поканува да го проследите овогодинешниот ALL STARS гала настан на иницијативата ПичПрич на тема „Цепки“. Настанот ќе се одржи на 13.05.2022 со почеток од 20 часот, во Филхармонија на Република Северна Македонија. Свои интерпретации на темата ќе раскажат петмина […]
ПРВО ПА ЖЕНСКО 10 | ГОДИНИ БУДНИ

Под слоганот „Години будни“ оваa година ги одбележуваме нашите долгогодишни соработки и остваруваме нови вмрежувања. Тоа е суштинската практика и значење на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, зашто само на тој начин заеднички дејствуваме за градење на заедници кои придвижуваат. Слоганот на ППЖ оваа година освен што го отсликува нашето десетгодишно […]
Феминистичката школа ФЕМ 101.2

Пријави се на феминистичката школа ФЕМ 101.2 организирана од Медуза и Тиииит! Инк и збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот. Школата има за цел да ги подготви учесничките и учесниците за успешно читање на феминистички наративи, аргументирано пишување и застапување преку креативен израз. Школата е составена од 5 предавања и 7 […]
4. издание на #WikiGap edit-a-thon! (повик за волонтер(к)и)

Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам, независни експерт(к)и, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење – Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), На 15 ноември 2021, со почеток од 17:00 часот, организира четврто […]
Монодрамата „По патеката на тркалото“ во изведба на Џемилиана Абдулова

Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ по повод денот на ромскиот јазик 5 ноември, организира настан за одбележување на овој важен датум за Ромите и Ромската култура.Сите активности на настанот ќе бидат на ромски јазик. Со почеток од 17 часот, на настанот ќе биде премиерно прикажана корео монодрамата „По патеката на тркалото“ во изведба на […]
ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ: Отворена проба

На 27.10.2021 (среда) на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во 20:30 ч. ќе се одржи отворената проба на актерката Ангела Стојановска и танчерката Јована Зајкова на која публиката ќе има можност да види дел од нивните перформанси „во создавање“, на кои работат во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и […]
Разговор со уметницата: Oља Грубиќ ● Испробување феминистички иднини

Тиииит! Инк. ве кани на разговор со Оља Грубиќ, која ќе ги сподели своите искуства и пракса како визуелна уметница и изведувачка. Настанот ќе се одржи на 20 Октомври, среда од 19:00ч на платформата Зоом, преку следниот линк: https://us02web.zoom.us/j/84799579816 Нашата гостинка Оља Грубиќ е визуелна уметница и изведувачка чија практика е главно фокусирана […]
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ако ти е потребен креативен простор каде можеш да ги го насочиш своето пишување на теми кои ти се важни, тогаш оваа обука е за тебе. Здружението на граѓани за промоција на женска активност Тиииит! Инк. во соработка со феминистичката платформа Медуза годинава организираат мини-школа за критичко пишување која ќе се одржува од 1 до […]
Држава што не постапува е држава што силува – марш за женски права

Ве покануваме на петтиот Марш за женски права, кој ќе се одржи на 8 март (понеделник), под слоганот: „Држава што не постапува е држава што силува“. Со почеток во 15.00 часот, на овој протестен марш, заеднички ќе упатиме порака дека не можеме да бидеме слободни, кога сè уште се бориме за нашите работнички права, достоинство […]
Ќерки на прашината | филм

По повод Месецот на црнечката историја во САД, Амбасадата на САД во Скопје и Филмската програма на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО имаат чест да Ве поканат на проекцијата на филмот “Ќерки на прашината” на Џули Даш (САД, 1991). Ќерки на прашинатаЏули Даш, САД, 1991, 111’27.02.2021 | 19.00 часот проекции:▼ Скопје: […]
Ничии прагови конкретно

(фото галерија) Изложбата на авторките Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, со наслов Ничии прагови конкретно, беше отворена за јавноста од 17-23 август во рамки на програмата на осмото издание Прво па женско, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. За оние кои немаа можност да ја проследат, во продолжение опис и фото галерија. Им […]
Скопје 2020 (ж.) со Ивана Драгшиќ

Скопје 2020 (ж.) е градска пешачка тура која раскажува друга приказна за настанувањето, просторното планирање, политиките и животот на/во градот Скопје. Наратив оптеретен од неразумноста и штетноста на хетеропатријархатот, но и во директен судир со него. Се среќаваме на пресекот помеѓу познатите географски локации со формалната историја, современите политички искуства и женски приказни и се одучуваме […]
Пич Прич онлајн

Наместо традиционалниот слем на Прво па женско, годинава организираме онлајн ПичПрич на тема „Бркам работа“. Во живо приказни ќе раскажуваат пет фриленсерки што баш добро си бркаат работа. Настанот ќе се одржи на 15 мај во 20 часот. Ќе биде стримуван во живо на ФБ, на страницата на ПичПрич, а ќе биде обезбедено и видео […]