Промоција на книгата „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ од Јасна Јасна Жмак – второто издание од едицијата „Vagina Dentata“

„Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ од Јасна Јасна Жмак – второто издание од едицијата „Vagina Dentata“
MZuSBjRnwhuJBRVSmRtX

Тиииит! Инк. Ве поканува на промоција на книгата „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ од хрватската авторка Јасна Јасна Жмак,  ќе се одржи на 9 декември од 19:30 часот, во просторот „Netaville“ на ул. Никола Тесла бр. 9, во Скопје. 

„Оние работи“ претставува збирка есеи во кои Жмак се занимава со теми за кои општеството често молчи: женското тело, сексуалноста и интимноста, но и прашања поврзани со родовиот идентитет, сексуалната ориентација, менструацијата, мастурбацијата, невиноста, сексот, телесните норми и гинекологијата. Наместо да ги третира овие теми како скандалозни или провокативни, авторката им пристапува отворено, и истражувачки, комбинирајќи лични искуства со современа сексолошка литература, вградувајќи во текстот препознатлив феминистички светоглед.

Уредничка на изданието е Грација Атанасовска, а преводот од хрватски на македонски јазик е на Мања Величковска и Фросина Крушкаровска. Книгата ќе биде претставена од писателката и професорка Румена Бужаровска, по што ќе следи разговор со авторката, преведувачките и уредничката на македонското издание Оваа книга е второ издание во новата едиција на Тиииит! Инк. – „VaginaDentata“, чија главна уредничка е Јана Коцевска.

Стилот на Жмак е динамичен, интелектуално прецизен и духовит, а есеите отвораат прашања кои честопати се потиснувани во јавниот дискурс. Пишувајќи за телесноста и сексуалноста како дел од пошироки општествени и културни процеси, авторката ја афирмира идејата дека интимното е неизбежно политичко, а тишината околу „оние работи“ е дел од системски механизам на контрола и срам.

Јасна Јасна Жмак е драматургина, писателка и сценаристка, која работи како доцентка на Академијата за драмска уметност во Загреб. Таа е авторка на бројни книжевни и научни изданија. Се издвојува во современата регионална уметничка и интелектуална сцена со храбриот пристап кон темите како авторство, род, сексуалност, уметничка одговорност и репрезентација.

Како дел од едицијата „Vagina Dentata“, изданието на Жмак се надоврзува на пошироката заложба на Тиииит! Инк. да создаде простор за книжевни и теоретски текстови кои го отвораат прашањето за телото, сексуалноста и женското искуство на радикално различен начин – слободен од срам и со јасна политичка и културна свест.

Настанот е поддржан од Kvinna till Kvinna, Амбасадата на Шведска во Северна Македонија и Equality Fund.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4