Разговор со уметницата: Oља Грубиќ ● Испробување феминистички иднини

Разговор со уметницата
1FoagNc9ofdNWOGjVNVQ
Тиииит! Инк. ве кани на разговор со Оља Грубиќ, која ќе ги сподели своите искуства и пракса како визуелна уметница и изведувачка.
 
Настанот ќе се одржи на 20 Октомври, среда од 19:00ч на платформата Зоом, преку следниот линк: https://us02web.zoom.us/j/84799579816
 
Нашата гостинка Оља Грубиќ е визуелна уметница и изведувачка чија практика е главно фокусирана на основните услови на постоење.Поставувајќи го на сцена сопственото тело, таа ги истражува можностите за слобода во патријархалното и капиталистички ориентирано општество. Оља се става себеси во ангажирана позиција и често користи елементи на хумор и сатира за да продре во структурата на секојдневниот живот.
 
Разговорот се организира во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ. Активностите на платформата се поврзани со програмата на проектот „Жени за жени“ #wowprogram и проектот Пич Прич кои ги реализира Тиииит! Инк. и кои имаат за цел да придонесат кон унапредување на јавниот интерес за родовите прашања и поголемо присуство на жените во јавната сфера.
 
Платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ е финансиски поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation и FRIDA | The Young Feminist Fund и се реализира во соработка со MOT theatre festival.
Проектот „Жени за жени“ (WoW – Women on women), поддржан од Програмата Креативна Европа на Европска Комисија, Tiiiit! Inc. го спроведува во партнерство со Mesto žensk од Љубљана, VoxFeminae од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин.

 

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4