Водење низ изложбата „Џинови и снегулки“ со уметницата Христина Иваноска

Водење низ изложба „Џинови и снегулки’
FUYcY1PFVMwOUH61GLQ8

Ве покануваме на прошетка низ самостојната изложба на Христина Иваноска „Џинови и снегулки“, низ која ќе ве води авторката оваа сабота 11.01.2025 со почеток во 12:00 часот во Музејот на РС Македонија.
 
Оваа изложба е дел од интердисциплинарниот проект „Архиви на невидливите“ во чии рамки соработката помеѓу Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ и Иваноска се продлабочува и развива низ подолг временски период. Аспектот на проектот којшто го разработува Иваноска во својата уметничка практика кулминира во оваа последна изложба која нѐ придвижува низ темпоралните концептуални целини, а со тоа нѐ потсетува да бидеме свесни дека сеќавањето за Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) во Македонија и списанието „Македонка“ како орган на АФЖ, не смееме да го сведеме на сентиментално ламентирање, туку дека од таа акумулирана содржина и знаење треба да излеземе со идеи за непредвидливите идни времиња.

Славчо Димитров во текстот за изложбата вели: „Иваноска критички пристапува кон фактот дека политичката субјективизација на жените низ АФЖ и Македонка е подривана со инсистирањето, одржувањето и репродукцијата на традиционалните вредности, капацитети, место и карактеристики на жените, дека од чинители на политичката субјективизација, со текот на годините, жените се претвораат во потчинувачки на сопствените тела и телата на младите, како и дека женската сесксуалност, сензуалност, копнежи и задоволство остануваат целосно отсутни од еманципаторскиот дискурс на АФЖ.“

Насловот „Џинови и снегулки“, реферира на истоимената поема од книгата поезија „Егејска барутна бајка“ на писателот Славко Јаневски објавена во 64-тиот број на „Македонка“ од 1950 година.

Оваа изложба е дел од проектот „Архиви на невидливите 3.0“ во организација на Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) и е дел од 12. издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“. Проектот е поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел, Министерството за култура на Република Северна Македонија, Equality Fund и Sigrid Rausing Trust.

Водењето е отворено за секој што е заинтересиран и ќе ни биде драго доколку ни се придружите, а секако би ни значело и доколку се пријавите на следниот формулар за присуство за полесна комуникација: https://forms.gle/xDPYtDyy5iw72ZDm7

Место: Музеј на Република Северна Македонија, адреса: Јосиф Михајловиќ, бр 7, Скопје
Контакт: 075 299 877 или cinikskopje@gmail.com

Фотографија: Роберт Јанкулоски

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4