Скопје 2020 (ж.) со Ивана Драгшиќ

Мапирање на женското културно наследство
UleC1PTGi16pM9zAmPhP

Скопје 2020 (ж.) е градска пешачка тура која раскажува друга приказна за настанувањето, просторното планирање, политиките и животот на/во градот Скопје. Наратив оптеретен од неразумноста и штетноста на хетеропатријархатот, но и во директен судир со него. Се среќаваме на пресекот помеѓу познатите географски локации со формалната историја, современите политички искуства и женски приказни и се одучуваме дека градот, општеството и културата ги градат машки политички квази-воени фигури и други авторитети. Нив ги градат вештини, знаење и политики создадени токму на маргините и под (не)видлив мачо притисок.

Настанот ќе се одржи на 20 август, четврток со почеток во 18:00 часот.

Овде може да се пријавите за учество на турата. Бројот на учесници е ограничен.

Турата ќе ја води Ивана Драгшиќ, верна другарка на Прво па женско, социолог и граѓанска работничка, која делува во областа на урбаното заедничко (commons) и градското управување. Со колегите од Плоштад Слобода работат на медиумски проекти, истражувања и развој на политики и пишуваат за градското планирање и јавниот простор, урбаното зеленило, учеството на граѓаните, управувањето со ресурси, како и на други теми вткаени во политиките како што се: феминизам, екологија, култура и институции. Драгшиќ е уметница – аматер и изведувачка и пушта музика на радио и во клубови како ДиЏејка. 

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4