Прво па женско #3

play me

ПРВО ПА ЖЕНСКО е иницијатива што има за цел да поттикне одново промислување на значењето на 8ми март – Меѓународниот ден на жената, преку отворено поставување на широкото прашање за положбата на жените во нашето современо општество.

Тиииит! Инк. ја покренува оваа иницијатива чија што цел е отворање на еден неекслузивен простор, во кој низ конструктивна дискусија и креативна размена, ќе се препознаат околностите во кои денес живее жената чиј што профил, интереси, ставови и лични заложби за самоостварување се опираат на традиционалните стереотипи, но и на оние кои денес кај нас насилно се наметнуваат како единствени морални и општествено-политички подобни и со нив доминантниот политички дискурс популистички манипулира.

Програмата е конципирана како отворено поле за претставување и креативна размена на активните жени денес-оние кои од најразлични позиции теоретски се занимаваат со прашањата на родот, но и оние кои јавно се застапуваат и се обидуваат да влијаат на подобрувањето на политиките кои се однесуваат на жената, како и жени кои автентично се промислуваат себеси и својата улога во општеството, изразувајќи се во сферата на различните уметности. Сите тие, индивидуални актери или организирани во формални или неформални групи, дејствувајќи поттикнати од исти побуди и во иста насока, ја сочинуваат сферата која иако е постојано присутна и жилаво егзистира сѐ уште не е препознаена ниту пак самата препознава дека може да го осигура своето постоење и унапредување профилирајки се како организиран ентитет низ размена на искуства, соработка и формално вмрежување. Таа сфера/заедница слободно може да се детектира и нотира како активна женска сфера во Скопје и воопшто во Македонија. Затоа овој настан има за цел да го поттикне нејзиното препознавање, континуирано следење и вреднување, но и да ги поттикне нејзините актери на поактивна и проактивна соработка и вмрежување.

Фотографиите во галеријата се на Ирена Мила, Лилика Стрезоска и Ванчо Џамбаски

петок 06 03
13:00
базар
ФЕМ БИБЛИОТЕКА
Фоаје на кино Фросина на кат
15:00
предавање
Женска Соба | ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: Форми на субверзија против патријархалните норми во Хамлет
Фоаје на кино Фросина на кат
15:00
работилница
Скејт работилница
Денсинг сала
15:00
базар
Базар
Хол на МКЦ
17:00
филмска програма
Женска Соба | ЖЕНСКО ФИЛМСКО ПОПЛАДНЕ
Фоаје на кино Фросина на кат
18:00
филмска програма
Филмска Програма
Кино Фросина
18:00
изложба
ИНСТАЛАЦИЈА ВО ПРОСТОР | Девојките од Кула
Галерија МКЦ
18:00
работилница
Работилница за шиење со сито и печат
Галерија на МКЦ
21:30
перформанс
Танцов Перформанс | ЖЕНИ НА РАБОТ НА НЕРВЕН СЛОМ
Денсинг Сала
22:30
диџеј сет
Женски Жур
Фоаје на кино Фросина на кат
сабота 07 03
13:00
предавање
Женска Соба | ЖЕНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И НИВНАТА БОРБА ЗА РАМНОПРАВНОСТ
Фоаје на кино Фросина на кат
15:00
дискусија
Женска Соба | АНТИ-ПРЕДАВАЊЕ: Родот на политиката и политичкото тело
Фоаје на кино Фросина на кат
18:00
работилница
LET’S TALK ABOUT (CLITORAL) SEX: Работилница со Сандра Дaлен
Фоаје на кино Фросина на кат
20:00
филмска програма
Филмска програма
Кино Фросина
22:00
концерт
Концерт | Sajsi MC, Threesome, Да Џака Накот, Green Fuzz и Палиндром
Денсинг Сала
недела 08 03
12:00
работилница
ДЕТСКО КАТЧЕ
Џебно Кино
12:00
предавање
Женска Соба | Презентација
Фоаје на кино Фросина на кат
14:00
дискусија
Женска Соба | ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: ШТО ДА СЕ ПРАВИ?
Фоаје на кино Фросина на кат
16:00
дискусија
Филмско матине + Дебата
Фоаје на кино Фросина на кат
18:00
перформанс
ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНС | ЖЕНСКО ПИСМО
Бифе на кино Фросина
19:00
концерт
Концерт | Телемама
Бифе на кино Фросина
19:00
филмска програма
Филмска проекција
Кино Фросина

ВОЛОНТЕРИ

  • Моника Јамандиловска
  • Ивона Наскова
  • Ева Ристиќ
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4