Ја номиниравте Кристина Ампева
Кристина Ампева работеше како текстилна работничка во нејзиниот роден Штип и отворено зборуваше за проблемите на текстилните работнички. По некое време ја напушти работата во фабрика и основаше граѓанско здружение (најпрво „Гласно“, потоа „Гласен Текстилец“) преку кое почна да се залага за работничките права на текстилните работнички. Преку Гласен Текстилец таа спроведува истражувања на темата и организира годишен настан „Текстилијада“.
Кристина се бори за правата на една од најобесправените и најугнетените групи во нашето општество, текстилните работнички, кои се дискриминирани на повеќе основи (класа, род, образование, место на живеење…). Кристина доаѓа од таа средина, самата работела како текстилна работничка и во тоа нашла мотивација за да почне активно и гласно да се бори за подобар живот на овие лица. Работи во Штип и во помалите градови од Источна Македонија, во кои многу ретко се сретнуваат примери на вакви борби.
Повикот за номинации се затвора на 12ти јануари 2020. Доставете ја вашата номинација на мејл contact@tiiiitinc.com. Напишете го името на онаа жена (или група здружени жени) која ја номинирате за WoW наградата и на кусо образложете зошто ја номинирате. Повеќе инфо на следниот линк: https://tiiiitinc.com/
#womenonwomen #wowawards #wowнагради