БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ за ревизорски услуги

22.01.2026 Почитувани, Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации: 1.Општи услови Набавувач на услуги: Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје со седиште на ул. Јордан Хаџиконстантинов Џинот 4/3-9 во Скопје. Предмет на барањето: Барање за прибирање […]
За изведувачката програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

—Текст на Кристина Леловац— Прегрнувајќи го концептот на колективно ослободување, не само тематски, ами и во кураторскиот пристап и во начинот на реализација, изведувачката програма на тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО се твори и остварува во рамките на здружената иницијатива со фестивалите СКОПЈЕ ПРАЈД ВИКЕНД на Коалиција Маргини […]
28 мај – Меѓународен ден на менструалната хигиена: Менструацијата не смее да биде луксуз! 🩸

Во време кога зборуваме за човекови права, родова еднаквост и социјална правда, сè уште живееме во општество во кое менструацијата е табу, девојките и жените во Македонија сè уште се соочуваат со менструална сиромаштија, недостапност на соодветни производи, недостаток на информации и несоодветни хигиенски услови. Дел од наодите од истражувањето за менструалната правда на Тиииит! Инк. во соработка […]
Преку трње и ѕвезди до земјата за нас

На 23 декември (понеделник) во Кинотека на РСМ, со почеток во 19 часот, ќе се прикажува документарниот филм насловен „Земја за нас“, во режија на Карла Црнчевиќ. По проекцијата ќе следува и разговор со режисерката. Проекцијата е дел од интердисциплинарната програма на дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Оваа критика […]
Жени зад пултот – враќање на просторот зад грамофоните
Пишува Јана Коцевска Жените и електронската музика Има многу извонредни нераскажани приказни за женските пионери на електронската музика, композиторите кои ги прифатиле машините и нивните ослободителни технологии за целосно да го трансформираат начинот на кој произведуваме и слушаме музика денес. Ваквите светли примери ја мапираат новата историја на електронската музика преку жените визионерки чии радикални […]
Паркот „Жена борец“ – уште една изгубена приказна за антифашистичкото женско културно наследство
Паркот „Жена борец“ е изграден по земјотресот во Скопје во јули 1963 година, како меморијален простор за сеќавање на жените кои учествувале во НОВ и револуцијата. Паркот е исто така замислен како зелена оаза во центарот на градот кој изобилува со висококатници, прометни улици и градска врева. Лоциран во скопскиот Центар, помеѓу Градскиот трговски центар и […]
Ода за надежта

Осврт на Румена Бужаровска кон перформансот на Кочо Андоновски, изведен за време на ПичПрич Срамота! при затворањето на Скопје Прајд Викенд 2023 Тешко е да се задржи оптимизмот и надежта во последно време, имајќи ги предвид случувањата низ светот. Сведоци сме на напливот на фашистички бран кој од Америка организирано, систематски и промислено се […]
Зошто 8 Март? – Предавања и работилници
И оваа година со поддршка на Шведската амбасада, Kvinna till Kvinna, и Equality Fund, Тиииит!Инк. ги одржа едукативните предавања на тема „Зошто 8 март?“ во соработка со наставниот кадар во средните училишта и млади идни професор(к)и, едукатор(к)и, обучувач(к)и и просветни работници/чки. Едукативниот материјал кој е изготвен со цел да се отвори простор за инклузивна дискусија со […]
Осврт кон ПичПрич „Бев сама“

На 6 април имавме прилика да гледаме уште едно спектакуларно издание на ПичПрич и повторно да го зацврстиме ставот дека женските наративи се моќни наративи. Фото: Ванчо Џамбаски Овој ПичПрич беше посебен од неколку причини, а една од нив е дека се врати во просторот каде ги направи првите чекори, простор кој можеме да го […]
„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет

Текст на Елизабет Колевска „Ми треба ново тело“ е дело на младата кореографка и изведувачка Викторија Илиоска која живее и работи помеѓу Северна Македонија и Германија, каде што всушност магистрира на одделот по Кореографија и Перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Либиг. Таа и во ова дело, како и во нејзините претходни, […]
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“

Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска. Текст на Душица Лазова Како дел од Изведувачката програма на јубилејното десетто издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО и програмата „Кореографирано тело“ на Локомотива, во рамки на 47-то издание на МОТ, се одржа премиерата на танцовиот перформанс „Ми треба ново […]
Скопје Прајд 2022

Скопје Прајд 2022 ќе се одржи на 25 јуни, сабота. Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ). По кратки обраќања на активисти и претставници на институции, следува марш по скопските улици пропратен со DJ сетови (19:00 – 20:00). Се […]
„Гол живот“ на Оља Грубиќ и Виа Негатива и забава со Џано Куч – фото-галерија на Соња Ставрова

Во саботата, на 18 јуни, со почеток од 19 часот го затворивме (про)летниот дел од програмата на десеттото издание на #ППЖ10 со перформансот „Гол живот“ на Оља Грубиќ и Виа Негатива. После перформансот во Денсинг салата во МКЦ, се симнавме долу, на платото за забавата со Џано Куч. Погледнете ги фотографиите на Соња Ставрова.
Извештај во сенка за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство во Северна Македонија

Во прилог го имате извештајот во сенка за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство во Северна Македонија. Извештајот беше беше испратен до ГРЕВИО комитетот на 29 април, 2022 од име на Платформата за родова еднаквост, од којашто е дел и Тиииит! Инк. Извештајот може […]
А зошто не би можела? – Креативна работилница со Селма Селман

Тиииит! Инк. во соработка со Helsinki Citizens’ Assembly (hCa) од Бања Лука Ве покануваат да земете учество во кампањата #AŠtoNeBiMogla, на македонски #АЗоштоНеБиМожела со работилниците за деца и млади кои ќе се одржат со реномираната босанска уметница Селма Селман, на 5 јуни 2022 година во Музеј на современа уметност во Скопје. Работилницата за деца од […]
Феминистички Stand-up со Софија Ристевска, Ангела Стојановска и Борис Геј

За јубилејното десетто издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО, Тиииит! Инк. го организира првото феминистичко стендап шоу што ќе се случува на 26.05 во МКЦ Клуб. Во линија со овогодинешниот фестивалски фокус и генерално големиот бран на дискусии за субверзивнта моќ на хуморот и комедијата глобално, на стендап ќе ги гледаме Ангела Стојановска, Софија Ристевска и […]
Комедијата како дел од феминистичката историја – понеопходна од кога било!

Феминизмот отсекогаш бил мобилизиран и зајакнат преку колективна радосна смеа. (Овој напис на Маргарет Хенефелд е објавен на 6 мај, 2018 година, на онлајн порталот Open Democracy: Free Thinking for the World) Не постои пожестоко политичко оружје од смеата. Контроверзијата околу сјајното и брутално искреното пржење (анг. roast) на Мишел Волф на вечерата на […]
Дел од атмосферата на ПичПрич – „Цепки“

На 13.05 во Филхармонија се одржа ПичПрич гала настанот „Цепки“. Темата на настанот беше во склоп на овогодинешните тематски фокус на ПРВО ПА ЖЕНСКО – субверзивната моќ на хуморот. Имајќи го предвид традиционалното исклучување на женските гласови од полето на смешното и честото исмевање со „типично женските“ искуства темата „Цепки“ има за цел да понуди […]
„Зошто 8 Март?“ – феминистичко образование за сите

Неделата помеѓу 7 и 11 март во шест средни училишта од Скопје и две од Струга ги спроведоа овогодинешните средношколски материјали „Зошто 8 март?“. Оваа година часовите ги одржаа идни наставнички/професорки и младиниски работнички со цел да се отвори простор за размена на искуства помеѓу сегашни и идни просветни работници. Соработувавме со осум средни училишта, […]
Градска пешачка тура за мапирање на женското културно наследство

Оваа сабота, на 19 март, со почеток од 11 часот, Тиииит! Инк. организира средношколска пешачка тура во Скопје којашто има за цел да мапира клучни точки во градот кои се дел од историјата на нашето општество, како резултат на женското дејствување и акција низ годините. Оваа тура е моделирана според публикацијата „Нашиот пат: 25 женски […]
Повик за едукатор(к)и за спроведување на материјалите „Зошто 8 Март?“

За нашиот омилен ден во годината, оваа година по втор пат се враќаме со средношколски-прилагодениот наставен план и материјали „Зошто 8 март?“. Она што е новина годинава е дека сакаме да вклучиме и идни просветни работници во процесот, со отворање на простор за позитивни искуства со работа со ученици и остручен пристап кон дискутирање на […]
Осврт кон 2021
Годинава беше мачна и тегобно развлечена. Затоа ја користевме секоја укажана можност да го крепиме стекнатиот интернет и физички простор и да правиме свесни исчекори кон феминистичка иднина, колку и неизвесна да ни се чини моментално. Мноштвото идеи позади Тиииит!Инк отсекогаш имале едно зборно место, a тоа е позицијата за заедничкото. Оттука, секоја нова активност […]
Низ креативниот процес со Ангела Стојановска и Јована Зајкова

Трансформацијата на изведувачката програма на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО во платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ*, произлезе од определбата за развивање феминистички изведувачки форми низ практикување солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка, но и пропрашување на динамиките и отфрлање на хиерархиите втемелени во конвенционалниот театар. Разговаравме со Јована Зајкова […]
Што всушност значи забраната за абортус после шестата недела

Од 1 септември Тексас речиси сите абортуси ги прогласи за нелегални. Законот потпишан од гувернерот Грег Абот на почетокот од оваа година забранува абортуси откако ќе се детектира чукање на срцето кај фетусот. Оваа временска рамка е веќе шест недели од почетокот на бременоста, период во кој жените најчесто не се свесни дека се бремени, […]
Авганистанските жени повторно под талибански режим

Откако на 13 август Талибанците преземаа контрола врз северниот, западниот и јужниот дел од Авганистан , илјадници луѓе секојдневно ја напуштаат државата. Претседателот Ашраф Гани се повлече од Авганистан без никакво предупредување, а со тоа се напушти и последната надеж за жените од Авганистан – особено за прогресивните и образованите. Кога Талибанците последен пат ја […]
Осврт на Земја женска (2021) – експериментален филм за колонијалистичкиот поглед на домашните архиви

Пишува Јана Коцевска Во рамки на филмската програма на фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско која низ заедничкиот програмски наслов „Ова не е сон за заеднички јазик, туку за моќна и неверна хетероглосија“ куриран од страна на нашата долгогодишна соработничка и другарка Кумјана Новакова, во јуни во Музејот на современата уметност се […]
„Растение (879 страни, 33 дена)“: Магиски архиви

Субверзивната фигура на вештерката последниве години често е обработувана како симбол на женскиот отпор. Tаа е преиспитувана како темно место во историјата и претставува моќен општествен контранаратив. Иновативниот придонес на Хофлих на оваа линија – и она што го прави филмов предизвикувачки и нетипичен – е уникатната перспектива до која таа доаѓа стимулирајќи ги точките […]
Ослободување на потиснатите женски искуства

Со фокус врз архивски снимки, филмската програма на ППЖ 9 е автентично, непредвидливо и контемплативно патување низ женското искуство. Четирите експериментални филмови продираат во прашливите архиви и без страв вадат на виделина потиснати истории. Затоа, во рамки на програмата, камерата оваа година служи за преземање на јавниот простор и дискурс и со тоа за длабоко […]
Женскиот поглед кадриран: одблизу и оддалеку

Во филмската теорија се дефинира дистанцата помеѓу снименото и објективот, па потоа меѓу објективот и гледачот. Така се создава релацијата меѓу гледачот и тоа што го гледа. Во „Земја Женска“ (анг. Terra Femme), режисерката Кортни Стивенс прави обид да ја истражува оваа врска без да учествува во неа. Станува збор за документарец составен од аматерски […]
„Причина за смрт“: Поетична аутопсија на фемицидот низ историјата

Пламени јазици. Тупаници. Давење. Каменување. Според извештаите од аутопсија, причините за смртта се физички повреди на телото. Според краткиот експериментален документарец Причина за смрт на Џиоти Мистри, тоа е константното насилство врз жената низ историјата. Преку архивски снимки, впечатлива анимација и поетска нарација, режисерката ги разоткрива сите форми на фемицид, дел од кои можеме да ги […]
Зошто 8 Март? – средношколски материјали за настава

Оваа година за првпат Тиииит! Инк. спреми педагошки прилагоден материјал на ниво на средно образование, за спроведување на час по повод 8 Март – Меѓународниот ден за борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност. Ова иницијатива дојде како резултат од активноста на нашите партнерки и соборки од Словенија – Mesto Žensk (City of […]
Бараме итно преземање на мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“ и заштита на жртвите на родово засновано насилство

Платформата за родова еднаквост денес одржаа прес-конференција на која упати барања до Министретвото за внатрешни работи за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово засновано насилство. Бојана Јовановска од Платформата за родова еднаквост изјави „Со жалење заклучуваме дека иако сте Министер за внатрешни работи веќе втор […]
На денешен ден е родена Рајна Алексова!

Илустрација на Назли Каратурна* (Nazli Karaturna) за Fierce Women WOW Cards. Рајна Алексова (Битола, 5 јануари 1883 – Битола, 23 февруари 1959) Рајна Алексова била првата фармацевтка на територија на Македонија и на Балканот. Имала диплома од Универзитетот во Лозана, Швајцарија (дипломирала во 1909) во време кога територијата била дел од Отоманската Империја. Била сопственик на малиот семеен бизнис – аптека во […]
ШКОЛСКИ ПРИКАЗНИ

Татјана Б. Ефтимоска За цигарата, брзата помош и нашите идентитети (Текстот произлезе од настапот на ПичПрич, 22 декември 2020) Илустрации Andrea Manzati Јас веќе 20 години работам како професорка по Македонски јазик и литература, и иако оддесно или одлево се влеваат и други притоки во моето работно секојдневие, истите тие две децении не сум го […]
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза

Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус. Здравствената криза предизвикана од пандемијата со ковид-19 за милиони жени го зголеми ризикот од сексуално насилство и недостапна контрацепција и им го ограничи пристапот […]
Жените во научно-истражувачката работа: агонијата на социјалниот капитал[1]

Ивана Хаџиевска е родена во Битола во 1995 година. Таа е историчарка и независна истражувачка на теми од балканската социјална историја и историјата на жените. Надолу по зајачката дупка Во рационалниот свет на Науката[2] (дискурс за научност, лишен од научен метод), нема ништо побитно од резултатот. Квалитетниот резултат, од експертски спроведено истражување, кое цели […]
„Ти не си виновна!“ – четврт Марш за женски права по повод Меѓународниот ден на жената

По повод Меѓународниот ден на жената, се одржа четвртиот по ред Марш за женски права. Овој марш, традиционално организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, беше посветен на жртвите на родово базирано насилство, под мотото „Ти не си виновна!“. Оваа година на маршот се придружија и студентките и студентите организирани преку […]
Како еден вирус нè потсети дека сме општествени битија

Адриана Захаријевиќ Во брзата смена на мислењата за тоа што точно ни се случува, во која едни исти луѓе изјавуваа дека се работи за „најсмешниот вирус“ за да по само неколку дена речат дека „многумина ќе ги загубат своите најблиски“ (инаку се работи за вкрстени цитати), особено се истакнува едно мислење. Она за „странскиот […]
Номинирани 33 жени за WOW награди

Рокот за номинации за WoW наградите заврши! Преку оваа иницијатива дознавме за многу важни личности кои секојдневно придонесуваат кон промени за подобрување на состојбите во заедниците каде живеат. Им благодариме на сите кои издвоија од своето време да ги направат овие жени уште повидливи. Во следниот период ќе ги објавиме сите номинации, додека пак за […]
Ленче Здравкин номинирана за WoW награди

НОМИНАЦИИ ЗА WOW НАГРАДИ Ја номиниравте Ленче Здравкин Ленче Здравкин е почесна претседателка е на Здружението „ Куќа на надежта“, Амбасадор на Банка за храна – Храна за сите на Р. Македонија, член е на собранието на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и член е на одборот на Фондација за локален развој и демократија […]
Јана Белчева номинирана за WOW награди

НОМИНАЦИИ ЗА WOW НАГРАДИ Ја номиниравте Јана Белчева Јана Белчева е дипломирана електро-инжинерка, актуелна претседателка на Советот на Општина Центар која беше предложена во октомври 2017 од страна на иницијативата “Во одбрана на Дебар Маало“. Таа работела 12 години како менаџерка во компанијата од областа на технолошките решенија за развој, ГДи ГИСДАТА во Скопје. Од […]
Ружица Јосифовска номинирана за WOW награди

НОМИНАЦИИ ЗА WOW НАГРАДИ Ја номиниравте Ружица Јосифовска-Руки Ружица Јосифовска е родена во 1938 година, живее во Кавадарци, а по професија е ликовен педагог и уметница. Работела како учителка по ликовна уметност во Кавадарци и во текот на целиот нејзин работен век се едуцирале многу генерации на ученици, некои од нив со значајни достигнувања во […]
Кристина Ампева номинирана за WOW награди

Ја номиниравте Кристина Ампева Кристина Ампева работеше како текстилна работничка во нејзиниот роден Штип и отворено зборуваше за проблемите на текстилните работнички. По некое време ја напушти работата во фабрика и основаше граѓанско здружение (најпрво „Гласно“, потоа „Гласен Текстилец“) преку кое почна да се залага за работничките права на текстилните работнички. Преку Гласен Текстилец таа спроведува истражувања […]
Women on Women (WoW)

Жени за Жени Сексуалното насилство, сексизмот, хомофобијата, трансфобијата и расизмот кои резултураат со насилство меѓу луѓето сe широко распространети во денешното општество. Четири организации кои се партнери од Словенија, Хрватска, Македонија и Ирска сметаат дека е неопходно да се преземе континуирана акција против oва насилство. Во следните две години, ние, како организации, уметници и […]
Зошто лекарите не им веруваат на жените? Зашто не нè познаваат доволно.

Габриел Џексон Медицината со векови знае дека жените живеат во непрестајна болка. И ништо не се презема во врска со тоа. Фрустрирачки е да имате прашања за кои немате одговори. Уште повознемирувачки е кога ќе дознаете дека тие прашања досега никој не ги ни поставил. Кога на 23 години ми дијагностицираа ендометриоза, не бев доволно […]
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ | Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска

Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година. ______________ Пишува Мања Величковска Концептуалната и мултимедијална млада уметница Марија Ангеловска е изразито храбра и детерминирана личност способна да ги препознае потенцијалите на […]
Прво па Женско 7 – Ова тело кое не е едно

Телото отсекогаш било место на контрола, отпор, дисциплина и непослушност, и меѓу другото простор каде се вежбале и истражувале родовите улоги. Промислувањата на телото и телесноста се годинешните потпорни точки на Прво па женско. Позајмувајќи ги зборовите на Лус Иригаре го поставивме Ова тело кое не е едно за основа и поттик на она во […]
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
Верица Недеска и режисерката Билјана Радиноска работеа на подготoвките на перформансот за македонската публика. Благодарение на отвореноста и поддршката од Место Женск и МОТ+, Прво па женско конечно може да се пофали со својата прва копродукција во областа на изведувачките уметности. Со Верица поразговаравме за враќањето на македонската сцена, врската со Прво па женско, како […]
Mavi Phoenix на ПРВО ПА ЖЕНСКО #7

Spread the word! „Lo-Fi pop heroine Mavi Phoenix will bewitch you“ (The Fader) Дваесет и две годишната Мави Феникс која живее во Виена, а потекнува од Линц, Австрија, покажува дека со вистински талент уметникот може да стекне интернационална слава без разлика на тоа од каде доаѓа. Ја почнува својата музичка кариера на само 11 години […]
ПичПрич 8 март 2019 (видео)

Конечно си дочекавме видео запис од последниот ПичПрич, на тема влакна. Уживајте…
ПОЧНУВАМЕ СО ОДБРОЈУВАЊЕ!

ПРВО ПА ЖЕНСКО – фестивалот за феминистичка култура и акција ќе се случува од 9-12 мај во Младинскиот културен центар во Скопје…дискусии, работилници, диџеј сетови, предавања, филмска програма, перформанс, изложби, концерти…
Каде за 8ми март?

Драги другарки и другари, бидејќи Тиииитовки за овој 8ми март ќе ловат филмови на Берлинскиот филмски феминистички фестивал, со цел да донесат селекција за скопската публика, се одлучивме да ви помогнеме да се одлучите полесно каде за 8ми март. Скопје ќе биде богато со настани, па според вашето расположение повелете неколку идеи. Ако сакате […]
ПИЧ ПРИЧ на 8ми март во кино Милениум!

И оваа година, традиционално, го прославуваме празникот на општествената, политичка и економска рамноправност на жените на најдобриот можен нетрадиционален начин – ПИЧ ПРИЧ. Румена Бужаровска и Ана Василева, свечено дотерани во гала тоалети, ќе им бидат домаќинки на шест нови, возбудливи раскажувачки! Следете нѐ будно за да дознаете чии приказни ќе ги слушаме! Скокотливата тема на нивните […]
Зошто ФЕМОАР?

Оваа рубрика на нашиот новокреиран вебсајт се вика Фемоар. Главната инспирација за ваквиот назив доаѓа од една слатка мала публикација која Тиииит! Инк. заедно со своите партнери Коалиција Маргини, Бори се женски, ЛезФем и ЛГБТИ Центарот за поддршка ја продуцираа како финален производ на партнерскиот проект Страв од феминизам? – Едукација и акција за промоција на женските права. На ова поле од […]
ПЕТГОДИШНА НЕПРАВДА ПРЕД ИСПРАВАЊЕ: УСВОЈУВАЊЕ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА АБОРТУС ВЕДНАШ И ЕДНОГЛАСНО!

Невладините организации – поборници за правата на жените и за родовата еднаквост го поздравуваат усвојувањето на Предлог-законот за прекинување на бременоста од страна на Владата, во чие изготвување учествуваа и претставници и претставнички на самите граѓански организации. Уште од донесувањето на рестриктивниот закон за абортус во 2013 година, граѓанските организации, медицинската јавност и активистите укажуваа […]
ПЕРНИЦА ПОД ФУСТАНОТ – Марија Ратковиќ

Пред неколку дена во рубриката Забава излезе веста дека нашата премиерка ќе стане мајка. Детето ќе го роди нејзината девојка. Во Србија две жени ќе станат мајки на едно бебе. Во Србија во која не е дозволен геј бракот, не е дозволено вештачко оплодување на жените кои немаат партнер или имаат партнерка, а не е дозволено ниту […]